Мајмунски сипаници (, скратено: mpox, познато и како африкански сипаници) — заразна болест на животните и луѓето, која се одликува со треска, општо труење и појава на егзантема. Предизвикувачкиот агенс на мајмунски сипаници е вирусот mpox од семејството поксвируси (неговото поранешно име е ) и е генетски близок со вирусот Variola, предизвикувачкиот агенс на човечките сипаници.

Во 2023 г., во Демократска Република Конго била утврдена појава на клад I мајмунски сипаници. До август 2024 г., вирусот се проширил во повеќе африкански земји, предизвикувајќи загриженост дека можеби се прилагодува за поодржлив пренос на луѓе. На 14 август 2024 г., СЗО ја прогласила епидемијата за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC). Следниот ден, Шведска го пријавила својот прв случај надвор од Африка.

Вакцинацијата се препорачува за лица со висок ризик од зараза. Иако не постои вакцина конкретно за мајмунски сипаници, вакцините против големи сипаници се покажале како успешни. Не постои насочено лечење за мајмунски сипаници; затоа, лекувањето се сосредоточува на управување на симптомите и спречување на усложнувања. Противвирусни лекови како тековиримат можат да се користат за лекување на мајмунски сипаници, но нивната ефикасност не е целосно утврдена.

Пренос Се верува дека вирусот мајмунски сипаници има мали цицачи во тропска Африка како негов природен резервоар. Пренесувањето од животни на луѓе може да се случи преку каснувања или гребаници, или преку дејности како што се лов, одерување или готвење заразени животни. Вирусот навлегува во телото преку повредена кожа или лигави површини како што се устата, дишните патишта или половите органи.

Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и полова дејност. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање. За време на глобалната епидемија на Клад II од 2022–2023 г., преносот кај луѓето првенствено бил преку полов пат.

Ризикот од зараза од фомити, како облека или постелнина загадени од заразено лице, е помал, но сепак треба да се преземат претпазни мерки.

Наводи

Надворешни врски

Што се мајмунски сипаници? CDC – Mpox WHO – Monkeypox Fact Sheet "Could Monkeypox Take Over Where Smallpox Left Off?". Scientific American, 4 March 2013. MonkeypoxTracker – Monkeypox statistics visualization site PoxApp – the mpox app – Assesses skin lesions and symptoms with artificial intelligence developed by Stanford University

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Зоонози Категорија:Вирусни болести