Бигл (; јагански: Onašaga) — проток во архипелагот Огнена Земја на крајниот јужен завршеток на Јужна Америка, помеѓу Чиле и Аргентина.Sergio Zagier, 2006 Протокот го дели главниот Големи Остров од разните мали острови во околината како Пиктон, Ленокс и Нуева; Наварино; Осте; Лондондери; и Стјуарт. Низ источниот дел на протокот минува границата помеѓу Чиле и Аргентина, додека западниот е целосно во Чиле.

Протокот Бигл, Магелановиот Проток на север и отворениот Дрејков Премин на југ се три морепловни патишта околу Јужна Америка помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан. Највеќето бродски превозници го користат Дрејковиот Премин.

Протокот е долг 240, а широк 5 км на најтесното место. Се протега од островот Нуева на исток до Дарвиновиот Теснец и Куковиот Залив во Тихиот Океан на запад. Околу 50 км од западниот крај се поделени на два разгранока: северно и јужно од островот Гордон. Југозападниот разгранок помеѓу островите Осте и Гордон навлегува во Куковиот Залив. Северозападниот разгранок помеѓу Гордон и Големиот Остров навлегува во Дарвиновиот Теснец, кој е поврзан со Тихиот Океан преку протоците О’Брајан и Баљенеро. Најголемо населено место на протокот е градот Ушуаја во Аргентина, а потоа следува Пуерто Вилијамс во Чиле. Ова се едни од најјужните населени места на светот.

Пловидба Иако е пловен за големи бродови, побезбедни се водите на југ (Дрејков Премин) и север (Магеланов Проток). Според договорот за мир и пријателство помеѓу Чиле и Аргентина од 1984 г., бродовите од други држави пловат со чилеански спроводник помеѓу Магелановиот Проток и Ушуаја низ протокот Магдалена и протокот Кокберн во Тихиот Океан, а потоа до протоците Баљенеро, О’Брајан и северозападниот разгранок на протокот Бигл.Peace and Friendship Treaty of 1984

Острови Протокот Бигл е сместен помеѓу острови кои се протегаат низ доста голем дел од регионот; на север е аргентинско-чилеанскиот Голем Остров, на југ се Осте, Наварино и Пиктон и Нуева, на кои до 1984 г. полагала право Аргентина. Последните два се наоѓаат во источниот влез на протокот, додека западниот влез е целосно во Чиле. Западниот влез на протокот Бигл е поделен од островот Гордон на два помали протока. Во него постојат ситни острови како Снајп и Гејбл. Со исклучок на Големиот Остров и Гејбл, сите досега споменати острови му припаѓаат на Чиле.

Историја

Народот Јагани се населил на островите долж протокот Мари пред околу 10.000 години. Има значајни археолошки наоѓалишта од овие населби на места како заливот Вулаја на островот Наварино.C. Michael Hogan, 2008

Посета на Дарвин и именување Протокот е наречен по бродот „Бигл“ за време на првиот хидрографски премер на јужните брегови на Јужна Америка, извршен од 1826 до 1830 г. За време на експедицијата, капетанот Прингл Стоукс извршил самоубиство и бил заменет со Роберт Фицрој. Бродот продолжил со премер во второто патување на „Бигл“ под команда на Фицрој, кој со себе го повел Чарлс Дарвин како природонаучник. На 29 јануари 1833 г. бродот впловил во протокот и Дарвин за првпат видел ледници, кои длабоко го воодушевиле.Charles Darwin, Voyage of the Beagle (New York: Collier, 1909), chapter 10, p. 240.

Судир за Бигл Неколку мали острови (Пиктон, Ленокс и Нуева) сè до ’ртот Хорн биле предмет на долготраен судир помеѓу Чиле и Аргентина; според одредбите на Договорот за мир и пријателство од 1984 г. тие денес се во Чиле. Од 1950-тите до 1970-тите во каналот се случиле неколку инциденти помеѓу припадници на чилеанската и аргентинската морнарица.

Галерија

Поврзано Бигл (брод) Магеланов Проток Хорн (’рт) Аргентинско-чилеанска граница

Наводи

Надворешни врски

Проток Бигл — Енциклопедија Британика Етноботанички парк Омора и Биосферен резерват ’Рт Хорн

Категорија:Протоци во Атлантскиот Океан Категорија:Протоци во Тихиот Океан Категорија:Протоци во Аргентина Категорија:Протоци во Чиле Категорија:Огнена Земја Категорија:Магаљанес (регион) Категорија:Аргентинско-чилеанска граница Категорија:Меѓународни протоци