Црква „Свети Никола“ во Риека — храм на Српската православна црква што се наоѓа во Риека во Република Српска, општина Фоча. Припаѓа на Дабробосанската митрополија. Храмот е посветен на Свети Никола и е изграден во 1896 година. Тој е национален споменик на Босна и Херцеговина.
Историја Изградена е од камен и покриена со дрвена шиндра во 1834 година. Црквата е вкопана околу половина метар в земја, а над натписот од влезната врата се гледа дека црквата е изградена благодарение на свештеникот Лука Биједиќ. Црквата на иконостасот имала неколку икони со голема уметничка вредност. Познатата икона на Свети Ѓорѓи била изложена во Париз и Сараево, а е дело на Георгије Митрофановиќ, кој ја насликал во 1641 година.Митрополија:Црква Светог Николе у Ријеци
Одлики Основата на црквата Свети Никола е правоаголник со димензии 7,55 x 5,60. Црквата е со ориентација исток-запад. Внатрешноста на храмот е поделена со дрвен иконостас на олтарен простор и простор на наосот. Наосот е широк 4,60 метри и долг 5,97 метри. Камбанаријата била подоцна доѕидана до црквата, при што Миле Дуњиќ дал дванаесет пара волови за да го купи ѕвоното и да ја подигне камбанаријата.
Архитектура Оваа црква е еднокорабна, со петстрана олтарна апсида. Основен градежен материјал е каменот, кој е малтерисан со варов малтер. Покривот е покриен со штички, додека прозорците на јужниот ѕид се правоаголни, а има и еден прозорец на олтарната апсида. Влезната врата од западната страна на црквата е целосно на ниво на приземје, изработена од камени блокови, убаво изрезбани, со заоблена завршница. Подот е направен од камени плочи со неправилен облик, додека уште во внатрешноста, од западната страна, има дрвен хор. Западно од црквата е изградена камбанарија со четири столба, а околу самата црква се видливи надгробни споменици.
Знаменитости Важно е да се знае дека оваа црква чувала збирка вредни икони, меѓу кои биле делата на Георги Митрофановиќ: иконата на Света Троица од 1619 година и делата на мајсторите Јован и Андрије Раичевиќ кои ги насликале иконите на Свети Никола со Христос и Богородица, Свети Димитрија и Свети Сергиј, Деизис, Св. Ѓорѓи, кои според записите се датирани 1640 и 1641 година.
Галерија
Поврзано Фоча Риека Источна Херцеговина
Наводи
Литература
Надворешни врски
Категорија:Православни цркви во Босна и Херцеговина Категорија:Национални споменици во Босна и Херцеговина