Брачани или Прачени (, Брачањи) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во горното течение на реката Девол, во мала котлина помеѓу планините Грамошта и Морава, околу 15 км југоисточно од градот Горица, на надморска височина од 930 м.Брачани (783561) — GeoNames

Историја Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Брачани, спахиски зиамет и тимар со 40 христијански домаќинства, 33 неженети христијани и 5 вдовици христијанки.

За времето на Илинденското востание, селото испратило башибозук кој ги запалил и пљачкосал соседните македонски христијански села.

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Брачани е означено како албанско село. На картата на револуционерот Георги Христов, селото е претставено како Брачани.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.

Наводи

Категорија:Девол