Бета Кобилица - втората најсветла ѕвезда во јужното соѕвездие Кобилица . Го има официјалното име Miaplacidus; Бета Кобилица е Бајерово означување, која е латинизирана од β Carinae и скратено Beta Car или β Car. Со привидна ѕвездена величина од 1,68, таа е една од најсветлите ѕвезди на ноќно небо. Таа е најсветлата ѕвезда во јужниот астеризам позната како Дијамантски крст, означувајќи го југозападниот крај на астеризмот. Се наоѓа во близина на планетарната маглина IC 2448. Мерењата на паралаксата ја ставаат на растојание од 113.2 светлосни години од Сонцето.

Номенклатура β Carinae (латинизирано во Beta Carinae ) претставува нејзино Бајерово означување.

Историското име на ѕвездата Мијаплацидус го имала своето деби на мапите на ѕвездите во 1856 година, кога бил објавен ѕвездениот атлас Географија на небото, составен од Илија Хинсдејл Бурит. Значењето и јазичното потекло на името останале енигма многу децении, додека Вилијам Хигинс, голем научник и експерт за имиња на ѕвезди, не претпоставил дека името Miaplacidus е очигледно двојазична комбинација на арапски مياه miyāh за „води“ и латински placidus за „смирени“. Првиот билтен на Работната група на МАС за имиња на ѕвезди од јули 2016 година вклучил табела со првите две групи имиња одобрени од групата; во кој била вклучена и Миаплацидус за оваа ѕвезда.

На кинески,( ), што значи Јужен брод, се однесува на астеризам кој се состои од β Кобилица, V337 Кобилица, PP Кобилица, θ Кобилица и ω Кобилица. 中國星座神話, written by 陳久金. Следствено, самата β Кобилица е позната како (, на македонски: Петтата ѕвезда на јужниот брод). 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum.

Физички својства Ѕвездената класификација на А1 III сугерира дека ова е еволуирана џиновска ѕвезда, иако Малањини и Мороси (1990) ја оцениле како А2 IV подџиновска ѕвезда. Има проценета старост од 260 милиони години. Оваа ѕвезда не покажува прекумерна емисија на инфрацрвено зрачење што инаку би можело да сугерира присуство на остаточен диск. Има околу 3,5 пати поголема маса од Сонцето и се проширила на речиси седум пати поголем од полупречникот на Сонцето. Во моментов зрачи 288 пати поголема сјајност од Сонцето од нејаинзтанадворешна обвивка на делотворна температура од келвини. И покрај зголемениот обем, оваа ѕвезда сè уште покажува брза стапка на ротација, со проектирана ротациона брзина од

Наводи

Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Глизеови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HR-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Кобилица (соѕвездие) Категорија:Бели џинови