Серам () — најголем и главен остров во покраината Малуку во Индонезија. Се наоѓа веднаш на север од помалиот остров Амбон и други соседни острови како Сапаруа, Харуку, Нуса Лаут и архипелагот Банда.

Географија и теологија Низ островот минува централен планински венец чија највисока планина Бинаја (3.027 м) е покриена со густи дождовни шуми. Местото има извонредно сложена геологија бидејќи се наоѓа на спој од неколку тектонски микроплочи, опишан како „едно од тектонски најсложените места на светот“. Плочата на која лежи Серам се свртила за 80° во последите 8 милиони години од релативно побрзото движење од микроплочата на Папуа. Заедно со северно насоченото туркање на Австралиската Плоча, ова е одговорно за издигањето на високите планини во северно-централниот дел на островот. На серам има важни карстни подрачја. Во планините кај Савај е пештерата Хату Сака, најдлабока во Индонезија (-388 м). Во округот Танивел на северниот брег тече понорницата Сапалева, една од најголемите подземни реки на светот.

Населението на островот и соседните мали острови во 2020 г. броело 773.459 жители.Badan Pusat Statistik, Jakarta, 2021. Во оваа бројка не е вклучено населението на градот Амбон. Поделено е на три намесништва (kabupaten) — Централно Малуку (204.907 жители на самиот Серам и 218.185 на помалите острови, највеќето од островот Амбон), намесништвата Западен Серам и Источен Серам.

Екологија Островот Серам е исклучителен по ендемизмот на неговите птици.BirdLife International: Saving Asia's threatened birds , 2003, На него има 117 видови птици; 14 видови и подвидови се ендемски: благороден, големоклун и молучки кралски папагал, виолетовотило и црвено лори, молучко какаду, серамска кукувија, ѓерданесто, свето и лазурно рибарче, серамски сколовранец, отмена овоштарка, серамска жолна, метален сколовранец и серамски медојад.,

Од цицачите на островот се застапени азиските глувци и австралазиските торбари како дамчестиот кускус и неколку други кускуси од родот Phalanger. Планинските делови имаат повеќе ендемски цицачи од било кое место во регионот. Тука живеат 38 видови цицачи, од кои 9 се ендемски или речиси ендемски, а неколку живеат само во планински средини. Такви се серамскиot бандикот, неколку лилјаци како молучката и серамската летечка лисица, потоа мануселскиот мозаичноопашен стаорец, серамскиот бодликав стаорец и серамскиот стаорец. Сите овие се под закана.

Влекачите се мошне распространети на островите. Најголемиот и најопасен по човекот е морскиот крокодил, кој живее во крајбрежните соленикави води и речните делти; некои стасуваат во внатрешноста преку водотеци како реката Салавај. Други влекачи се амбонскиот едрен гуштер, долгоопашестата агама, кафеавата бојага, смарагдниот скинк, зелената морска желка, индонезискиот синојазичар, молучката летечка змија и геконот токе, како и разни други гекони и скинкови. Од водоземците застапени се жабата фејерварја, чаталојазичните жаби и амбонската и џиновската гаталинка.

На источниот дел од островот се наоѓа националниот парк „Манусела“, кој зафаќа површина од (11 % од островот).

Историја

Највеќето жители на централно Малуку го сметаат Серам за нивна прататковина и до денес разговорно го нарекуваат Нуса Ина (Мачјин Остров).Lonely Planet Indonesia 7th Edition, page 840 Во XV и XVI век Серам бил под влијание на Тернате, но под непосредна управа на Буру, вазална држава на Тернате. Првите Европејци на островот биле членовите на кспедицијата на Антонио де Абреу (како капетан) и Франсиско Сераун, кои го истражиле целиот јужен брег на Серам на почетокот на 1512 г. Таму во XVI век дејствувале и португалски мисионери. На почетокот на XVII век биле отворени холандски трговски испостави, па околу 1650 г островот прешол под номинална контрола на Холандија. Султанатот Тидоре повремено поалгал право на Серам, и од 1700 до 1768 г. имал сизеренство на источниот дел на Островот. во 1780-тите Серам бил упориште на тидорскиот султан Нуку во неговиот долготраен бунт против Холанѓаните.Widjojo, Muridan. 2009. The Revolt of Prince Nuku; Cross-cultural Alliance-making in Maluku C. 1780-1810. Leiden: Brill. Од 1954 до 1962 г. во планинските краишта на островот се одвивале герилски борби против индонезиската држава од контрареволуционерната Република Јужно Малуку предводена од Крис Соумокил.

Административна поделба Серам е поделен на три намесништва од покраината Малуку, макар што секоја од нив опфаќа и други помали острови во соседството на Серам. Западен Серам (Kabupaten Seram Bagian Barat) — сместено главно на островот Серам, но ги опфаќа и островите на запад од него — Манипа, Келанд, Боано и помалите Баби, Пуа и Марсегу. Зафаќа површина од и брои 212.393 жители (2020);Badan Pusat Statistik, Jakarta, 2021. Главно населено место е Пиру. Централно Малуку (Kabupaten Maluku Tengah) — во средишниот дел на Серам и голем дел од островот Амбон (освен градот Амбон кој ја сочинува јужната половина на тој остров), островите Лејасе (Сапаруа, Харуку, Нуса Лаут) и некои помали острови, како и архипелагот Банда на југ. Седиште е Масохи. Зафаќа површина од и има 423.094 жители (2020); тука не се вбројува градот Амбон, кој административно не му припаѓа на намесништвото. Делот од намесништвото што се наоѓа на самиот Серам зафаќа , и има 213.694 жители (2023).Badan Pusat Statistik, Jakarta, 28 February 2024, Kabupaten Maluku Tengah Dalam Angka 2024 (Katalog-BPS 1102001.8101) Источен Серам (Kabupaten Seram Bagian Timur) — претежно на островот Серам, но опфаќа и помали острови на југоисток во склоп на архипелазите Гором и Ватубела. Зафаќа површина од и брои 137.972 жители (2020). Главно населено место е Була. Без архипелазите Гором и Ватубела, главнината на Источен Серам зафаќа површина од и има 92.500 жители (2023).

Религија

Позната верска практика на Серам е анимозмот на Алфурци (или Нуаулуанци), западномеланезиски народ кои го задржале обичајот на ловење глави сè до 1940-тите.Lonely Planet Indonesia, 8th edition p762 Денес највеќето жители на островот се муслимани или христијани, што се должи на преобраќањето и подоцнежните доселувања. Серам бил погоден од насилниот меѓуверски судир (1999-2002) што ја зафатил покраината Малуку, што довело до илјадници обездомени лица ширум покраината. Иако оттогаш Серам е мирно место, гратчињата како Масохи неформално се поделени на христијански и муслимански дел. Околу 7.000 припадници на племето Манусела се хиндуисти.Напомена: дефиницијата за „хиндуизам“ во индонезија е сложена правна работа; ова е општ поим за сите неисламски и нехристијански вери, што значи секоја паганска вера. Сепак, ова не значи дека во основа тие вери не се поврзани со хиндуизмот.

Стопанство Важни производи на островот се копрата, смолата, сагото и рибите. На североистокот кај Була се произведува нафта.

Поврзано Молучки Острови

Наводи

Надворешни врски

Серам — Енциклопедија Британика

Категорија:Молучки Острови Категорија:Малуку