Гама Големо Куче (γ Canis Majoris, скратено Гама CMa, γ CMa), исто така наречена Мулифен (), — ѕвезда во јужното соѕвездие на Големо Куче. Не е јасно точно зошто оваа релативно слаба ѕвезда ја добила ознаката „гама“, но веројатно затоа што е во истиот дел од соѕвездието како Сириус (алфа) и Мирзам (бета).
Номенклатура Гама Големо Куче претставува бајерова ознака на ѕвездата.
Го носеи традиционалното име Мулифен, и не треба да се меша со Мухлифен, што е ознака за Гама Кентаур; двете имиња потекнуваат од истиот арапски корен, محلفين muħlifayn. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. РГИЅ го одобрил името Muliphein за оваа ѕвезда на 21 август 2016 година и денес името е внесено во Каталогот на имиња на ѕвезди на МАС .
Својства Гама Големо Куче е синобел сјаен џин од типот Б со ѕвездена класификација B8II и привидна величина +4,11. Таа е приближно 440 светлосни години од Земјата. Таа е хемиски чудна ѕвезда Hg-Mg која прикажува абнормални линии на жива и магнезиум. Оваа ѕвезда има 5,6 пати поголем полупречник од Сонцето, а надворешната атмосфера има делотворна температура од келвини.
Оваа ѕвезда е осомничена дека е спектроскопски бинарен систем, и постои придружник на аголно растојание од 0,332″ по должината на положбениот агол од 114,8°. Таа е член на расеаното јато Колиндер 121.
Современо наследство Мулифин се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Рондонија.
Товарниот брод на американската морнарица УСС <i id="mwdw">Мулифен</i> (АКА-61) го добил името по ѕвездата.
Наводи
Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Големо Куче (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти Категорија:Живино-мангански ѕвезди