Смрт на Нил () — американски филм во жанрот детективска драма во режија на Кенет Брана, заснован на истоимениот роман на Агата Кристи за белгискиот детектив Херкул Поаро. Тоа е продолжение на филмот „Убиство во Ориент-експрес“ од 2017 г. Главната улога на познатиот детектив повторно ја играл Кенет Брана. Во филмот играат и Гал Гадот, Летиша Рајт, Арми Хамер, Анет Бенинг, Али Фазал, Софи Оконедо, Том Бејтмен, Ема Маки, Дон Френч, Роуз Лезли, Џенифер Сондерс и Расел Бренд. Филмот бил трета филмска адаптација на романот, по филмот од 1978 г. и една епизода од серијата „Поаро“ од 2004 г.

Во приказната, по решавањето на убиството во Ориент-експрес, Херкул Поаро оди во Египет, каде што, токму на Нил, страстите во љубовниот триаголник довеле до убиство. Премиерата на филмот во САД била на 11 февруари 2022 г., а во Македонија на 17 февруари истата година.

Содржина Одморот на белгискиот детектив Херкул Поаро на блескавиот речен пароброд се претвора во застрашувачка потрага по убиец кога идиличниот меден месец на совршената двојка трагично е скратен. Сместена наспроти епскиот крајолик на пространи глетки во египетската пустина и величествените пирамиди во Гиза, оваа приказна за нескротлива страст и онеспособувачка љубомора содржи космополитска група беспрекорно облечени патници и доволно лоши пресврти за да ја остави публиката да погодува до конечниот, шокантен расплет.

Улоги ГлумецУлогаКенет БранаХеркул ПоароТом БејтменБукАнет БенингЈуфимијаРасел Брендд-р ВиндлшемАли ФазалЕндру КачадуријанДон ФренчБауерсГал ГадотЛинет Риџвеј ДојлАрми ХамерСајмон ДојлРоуз ЛезлиЛујза БуржеЕма МакиЖаклин де БелефортСофи ОконедоСалом ОтерборнЏенифер СондерсМари ван ШаулерЛетиша РајтРозали ОтерборнСузана ФилдингКетрин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови со Кенет Брана Категорија:Филмови на Кенет Брана Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Египет Категорија:Американски детективски филмови