Пара Дончева Ацева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Револуционерната традиција во семејството Ацеви ја понело и Пара заедно со своите деца да учествува во НОД. Нејзиниот дом уште пред војната бил претворен во собиралиште на напредните младинци и комунистите од Прилеп. Веднаш по 11 октомври 1941 година, коrа во Прилеп биле затворени повеќе напредни младинци, меѓy кои се наоѓала нејзината ќерка Менка и синот Димче, Пара заедно со мајките на затворените младинци заминале во Битола кај началникот на полицијата да протестираат. Меѓутоа, нивниот протест и барање не само што не биле сослушани, туку мајките биле истерани од началникот, кој им се обратил со rруби и навредливи зборови. Како мајка, чии синови и ќерки биле активни учесници во НОВ и Револуцијата, била постојано сослушувана и малтретирана од бугарската фашистичка полиција. Во текот на 1942 година заедно со својот coпpyг Дончо Ацев, била интернирана во Буrарија со што и било оневозможено да присуствува на погребот на својот син Мирче Ацев. Во антифашистичката војна на македонскиот народ таа дала уште една жртва, синот Димче, кој бил борец во Првата македонска ударна бригада, кој на зверски начин бил убиен во затвор. Пара е мајка на народните херои Вера и Мирче Ацеви.
Поврзано
Дончо Ацев Вера Ацева Мирче Ацев Димче Ацев Менка Ацева Мирче Ацев - Оровчанецот Георги Ацев Петар Ацев
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Ацеви