Бугимен () — американски натприроден филм на ужасите во режија на Роб Севиџ. Тоа е адаптација на истоимената приказна на Стивен Кинг. Главните улоги ги толкуваат Софи Тачер, Крис Месина, Вивиен Лира Блер и Дејвид Дастмалчијан.
Премиерата на филмот во САД била на 2 јуни 2023 г., а во Македонија на 1 јуни истата година.
Содржина Приказната ги следи средношколката Сејди Харпер и нејзината помала сестра Соер, кои се справуваат со неодамнешната загуба на нивната мајка, за која не добиваат целосна поддршка од нивниот татко Вил, терапевт што исто така се справува со сопствената болка. Кога еден несреќен пациент неочекувано ќе се појави во нивната куќа и ќе побара помош, тој зад себе остава застрашувачко натприродно суштество што следи семејства и се храни со нивните страдања.
Улоги ГлумецУлогаСофи ТачерСејди ХарперКрис МесинаВилВивиен Лира БлерСоерДејвид ДастмалчијанЛестерМарин АјрлендРита
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2023 година