мини|десно|250п|Уметничка претстава на сино џуџе. Сино џуџе — предвидена класа на ѕвезди кои се развиваат од црвено џуџе откако тоа ќе го потроши водородот. Бидејќи црвените џуџиња го соединуваат водородот бавно и се наполно струевити (што значи дека сиот водород се соединува, наместо само оној во јадрото), се предвидува дека живеат трилиони години; засега вселената не е доволно стара за да има сини џуџиња. Нивното идно постоење е предвидено од теоретски модели.

Хипотетичко сценарио Како што стареат, ѕвездите имаат сè поголема сјајност, и посјајната ѕвезда треба да зрачи енергија побргу за да ја одржи рамнотежата. Ѕвездите поголеми од црвени џуџиња го прават ова со тоа што растат во големина и стануваат црвени џинови со поголеми површини. Меѓутоа, наместо да се шират, црвените џуџиња со помалку од 0,25 Сончеви маси () го засилуваат нивното зрачење со зголемување на површинската температура и стануваат „посини“. Ова се должи на тоа што површинските слоеви на црвените џуџиња не стануваат значително понепроѕирни со зголемување на температурата.

Иако се така наречени, сините џуџиња не секогаш стануваат доволно врели за да станат сини ѕвезди. Извршени се симулации за идниот развој на црвени џуџиња со маса помеѓу 0,06 и . Најсиното сино џуџе добиено на крајот од симулацијата почнало како црвено џуџе со маса од , и завршило со површинска температура од 8.600 K (8.330 °C), што го прави синобела ѕвезда од типот A.

Умирање Се смета дека сините џуџиња со време целосно го трошат водородот, и внатрешниот притисок станува недоволен за соединување на било кој. Штом заврши соединувањето, тие повеќе не се „џуџести“ ѕвезди од главната низа, и стануваат бели џуџиња — кои, без оглед на називот, не се „џуџиња“ од главната нива и не се ѕвезди, туку ѕвездени остатоци.

Штом поранешните сини џуџиња ќе станат изродени неѕвездени бели џуџиња, тие се ладат, губејќи ја топлината преостаната од последната фаза на водородно согорување. На ладењето му е потребно многу долго време — многу подолго од сегашната старост на вселената – слично на времето потребно за да се претворат од црвени во сини џуџиња. Белото џуџе со време ќе се олади и ќе стане црно џуџе. Вселената засега не е доволно стара за да постојат црни џуџиња.

Теоретски е возможно едно вакво џуџе во било која развојна фазаа да се спои со друго и да стане поголема ѕвезда како хелиумски ѕвезди. Ваквите ѕвезди со време исто така ќе станат бели џуџиња, и како другите, ќе се оладат и ќе станат црни џуџиња.

Поврзано Волф-Рајеова ѕвезда

Наводи

Категорија:Хипотетички ѕвезди Категорија:Ѕвезден развој