Am-ѕвезда или металнолиниска ѕвезда — вид на хемиски необична ѕвезда од типот A чиј спектар има силни и често променливи впивни линии на метали како цинк, стронциум, циркониум и бариум, а сиромашен е со други како калциум и скандиум. Според првичната дефиниција, Am-ѕвезда е класа каде ѕвездата покажува „површински недостаток на Ca (и/или Sc) и/или изобилство на Fe-групата и потешки елементи“.

Поради необичната релативна застапеност, спектралниот тип зададен според калциумските K-линии е систематски претходен на оној определен според други метални линии. Спектралниот тип одреден чисто од водородните линии типично е среден. Ова води до доделување на два или три спектрални типа. На пример, Сириус има спектрален тип kA0hA0VmA1, што укажува дека е A0 кога се гледа по K-линијата, A0V од водородната линија и A1 по линиите на тешките метали. Постојат и други формати; на пр. A0mA1Va за Сириус.

Хемиските неправилности се должат на некои елементи кои впиваат повеќе светлина што се истиснува кон површината, а други тонат под сила на гравитацијата. Овој ефект е на сила само ако ѕвездата има мала вртежна брзина.Am star , The Internet Encyclopedia of Science, David Darling. . Ѕвездите од типот A обично се вртат брзо. Највеќето Am-ѕвезди се дел од двоен систем каде вртењето на ѕвездите е забавено од плимно кочење.

Најпозната ѕвезда со метални линии е Сириус (α Големо Куче). На следнава табела се претставени други такви ѕвезди, по надолен редослед на привидната величина.

Список ИмеБајерова или др. ознакаПрив. велич.Names and apparent visual magnitudes taken from SIMBAD, unless otherwise noted.Сириус Aα Големо Куче A-1,47Кастор Baα Близнаци Ba2,96 α Летечка Риба4,00Акубенс AAcubens, Stars, Jim Kaler. . α Рак A4,26КурхахKurhah, Stars, Jim Kaler. . ξ Кефеј4,29 θ1 Јужен Крст4,30 π Девица4,64 μ Кочијаш4,88 2 Голема Мечка5,46 τ3 Жерав5,72 WW КочијашWW Кочијаш е двојна ѕвезда каде двете составници се Am-ѕвезди.5,82 IK Пегаз6,08

δ Делфин и ρ Крма

Мал број на Am-ѕвезди покажуваат необично доцни спектрални типови и особено силни сјајносни ефекти. Иако Am-ѕвездите начелно имаат абнормални сјајностни ефекти, ѕвездите како ρ Крма се сметаат за поразвиени и посјајни од највеќето Am-ѕвезди, и сместена е над главната низа. Am-ѕвездите и променливите од типот на δ Штит се наоѓаат на исто место на ХР-дијаграмот, но ретко е една ѕвезда истовремено да биде Am-ѕведа и променлива од типот на δ Штит. Два примера се ρ Крма и δ Делфин.

Неколку автори споменуваат класа наречена ѕвезди од типот на δ Делфин, Am-ѕвезди но со релативно мала разлика меѓу калциумот и другите метални линии. Споредени се и со ѕвездите од типот на δ Штит. Подоцнежните истражувања покажале дека групата е донекаде нееднородна, можеби коинцидентна, и препорачуваат замена на класата δ Делфин во полза на поуточнета класа на ѕвезди од типот на ρ Крма со релативно голема сјајност и доцни спектрални типови. Меѓутоа, сè уште понекогаш доаѓа до забуни, на пример кога сите ѕвезди од типот на ρ Крма се сметаат за променливи од типот на δ Штит.

Наводи

Категорија:Видови ѕвезди