Лек против здравје (), во некои преводи Лек за добросостојба — американски психолошки трилер од 2016 г., во режија на Гор Вербински и напишан од Џастин Хејт, заснован на приказната напишана заедно од Хејт и Вербински, која е вдахната од романот на Томас Ман „Волшебниот рид“ (1924). Главните улоги ги толкуваат Дејн Дехан, Џејсон Ајзакс и Мија Гот. Филмот е заедничко производство на САД, Германија и Луксембург. Филмот бил прикажан за првпат на 10 декември 2016 г. во киното Alamo Drafthouse во САД, широкото прикажување во САД започнало на 17 февруари 2017 г., а во Македонија, филмот започнал да се прикажува на 16 февруари 2017 г.
Содржина Еден честољубив млад раководител е испратен да го извлече извршниот директор на неговата фирма од идиличен, но таинствен „здравствен дом“ на оддалечено место на швајцарските Алпи. Наскоро тој се сомнева дека чудотворните лекувања во бањата не се онакви какви што изгледаат. Кога почнува да ги открива нејзините застрашувачки тајни, неговиот разум е подложен на испитување, бидејќи се наоѓа на дијагнозата на истата љубопитна болест што ги тера сите гости тука да копнеат по лекот.
Улоги ГлумецУлогаДејн ДеханЛокхартЏејсон Ајзаксд-р Хајнрих Волмер / барон Фон РајхмерлМија ГотХанаХари ГронерРоланд ПемброкСелија ИмриВикторија ВоткинсАдријан Шилерзаменик-директоротИво НандиЕнрико
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Филмови на англиски јазик