лево|мини|245x245пкс| Воз од видот MP73 на линијата 6 во близина на станицата Паси. Париското метро (француски: Métro de Paris) — патнички железнички систем од затворен вид што ја опслужува париското метрополитенско подрачје (Париз и неговата поширока околина). За време на повеќе од еден век работа, ова метро станало едно од знаменитостите на Париз; најмногу поради оригиналната и посебна украсување на станиците во стилот арт нуво. Поголемиот дел, или 197 од 214 километри од системот, се под земја. Париското метро има 16 линии, а тие се нумерирани од 1 до 14, како и 3бис и 7бис (кои, всушност, се одграноци на линиите 3 и 7 кои се бројат како посебни линии). Линиите опслужуваат 303 станици, додека на 62 можно е префрлање на други линии. лево|мини|245x245пкс| Знак на влезот во метро станица. Овој вид ознака датира од 1909 година. Париското метро е втор најпосетуван метро систем во Европа (по Московското метро) и десетти најпосетуван во светот. Во 2015 година превезол 1,52 милијарди патници или 4,16 милиони дневно. Станицата Шателе - Ле Зал (Châtelet - Les Halles), со 5 метро линии и 3 линии РЕМ (Регионална експресна мрежа на Ил де Франс), е најголемата метро станица во светот. Во 2016 година Парискиот метро систем е рангиран како најдобар транспортен систем во светот според ITDP. лево|мини|245x245пкс| Воз од видот MF67 на линијата 5 во близина на депото Бобињи.
Историја десно|мини|220x220пкс| Првите линии на париското метро биле изградени со методот пресечи и покриј. десно|мини|220x220пкс| Станицата Шателе на линијата 14, отворена во 1998 година. Првата линија била отворена на 19 јули 1900 година за време на Светската изложба. Целиот систем брзо се ширел до Првата светска војна, така што железничките пруги во самиот град биле завршени до 1920-тите. Проширувањата кон предградијата и кон пошироката околина се изградени после 1930-тите.
По Втората светска војна, метрото претрпе модернизација и подобрување. Беа воведени понови композиции на возови за да се задоволи побарувачката за зголемен сообраќај. Се воведува и нов подземно-надземен железнички систем - RER, развиен од 1960-тите. Со своите пет линии (A, B, C, D и E), тој претставува дополнителна железничка мрежа за регионот на Париз.
Линии врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_Metro_1.svg|20x20пкс Ла Дефанс - Шато де Венсен
отворена: 1900 бр. на станици: 25 должина: 16,6 км
десно|мини|200x200пкс| MP73 на линијата 6 ја преминува Сена
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_2_jms.svg|20x20пкс Порт Дофин - Насион
отворена: 1900 бр. на станици: 25 должина: 12,3 км
десно|мини|200x200пкс| MF67 на линијата 3 ја напушта станицата Вилје врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_3_jms.svg|20x20пкс Пон де Левалоа - Галиен
отворена: 1904 бр. на станици: 25 должина: 11,7 км
десно|мини|200x200пкс| MP89 на линијата 4 влегува во станицата Данфер-Рошеро врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_3bis_jms.svg|20x20пкс Порт де Лила - Гамбета
отворена: 1971 бр. на станици: 4 должина: 1,3 км
десно|мини|200x200пкс| MF01 на линијата 5 на станицата Гар д'Остерлиц
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_4_jms.svg|20x20пкс Порт де Клињанкур - Мери де Монруж
отворена: 1908 бр. на станици: 27 должина: 12,1 км
десно|мини| Станицата Мирабо на линијата 10
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_5_jms.svg|20x20пкс Бобињи - Плоштад Италија
отворена: 1906 бр. на станици: 22 должина: 14,6 км
десно|мини|200x200пкс| MF77 на линијата 13 влегува во станицата Лиеж
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_6_jms.svg|20x20пкс Шарл де Гол - Етоал Насион
отворена: 1909 бр. на станици: 28 должина: 13,6 км
десно|мини|200x200пкс| MF67 на линијата 12 на станицата Солферино врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_7_jms.svg|20x20пкс Ла Курнев - Вилжуиф, Мери д'Иври
отворена: 1910 бр. на станици: 38 должина: 22,4 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_7bis_jms.svg|20x20пкс Луј Блан - Пре Сен Жерве
отворена: 1967 година бр. на станици: 8 должина: 3,1 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_8_jms.svg|20x20пкс Балар - Поант ди Лак
отворена: 1913 година бр. на станици: 38 должина: 23,4 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_9_jms.svg|20x20пкс Пон де Севр - Мери де Монреј
отворена: 1922 бр. на станици: 37 должина: 19,6 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_10_jms.svg|20x20пкс Булоњ - Гар д'Остерлиц
отворена: 1923 бр. на станици: 23 должина: 11,7 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_11_jms.svg|20x20пкс Шателе - Мери де Лила
отворена: 1935 бр. на станици: 13 должина: 6,3 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_12_jms.svg|20x20пкс Фрон попилер - Мери д'Иси
отворена: 1910 бр. на станици: 29 должина: 13,9 к
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_13_jms.svg|20x20пкс Шатијон-Монтруж - Сен Дени, Ле Куртиј
отворена: 1911 бр. на станици: 32 должина: 24,3 км
врска=Datoteka:Metro-M.svg|20x20пксврска=Datoteka:Paris_m_14_jms.svg|20x20пкс Сен Лазар - Олимпијади
отворена: 1998 бр. на станици: 9 должина: 9 км
Возен парк Возниот парк на париското метро се состои од возила со челични тркала (означени со „MF“, French matériel fer) и возила со гумени тркала (ознака „MP“, француски matériel pneu). Различни верзии од ист тип, покрај ознаката на типот, имаат и двоцифрена ознака на годината на дизајнирање (на пр. MF88, возило со челични тркала дизајнирано во 1988 година).
Иднина Во моментов се прошируваат три линии: 4, 8 и 12. Има и други барања за продолжување на уште неколку линии.
Наводи
Надворешни врски
(English version)
Категорија:Железнички сообраќај во Франција Категорија:Париз Категорија:Подземни железници