Шефки Сали, роден со името Шефки Алиов Сали (; Велес, 1914 ― Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан со турско потекло, учесник во народната ослободителна борба и партизан во осмата велешка ударна бригада. Член на Македонската комунистичка партија и Југославската комунистичка партија, загинал храбро во Битката кај Раштански Колиби. Погребан е во велешката костурница.

Животопис Роден е во 1914 година во градот Велес. Произлегува од сиромашна бедна фамилија. Завршил основно школско образование и работел со бизнисот на неговата фамилија, си го исполнил воениот рок во Кралството СХС пред 1941 година. Со потпаѓањето на Југославија под окупација после краткотрајната априлска војна Шефки станал симпазитер кон народното ослободително движење во Македонија и заради тоа почнал да соработува со комунистичката партија на Југославија.

Тој помогнал со собирајќи материјали за велешката подгрупа на ослободителното движење во градот Велес. Тој постепено си го зголемувал учеството во народната ослободителна војна и евентуално во август 1944 година заедно со група на велешки партизани во селото Отиштино ја формирале осмата македонска ударна бригада во септември 2-ри 1944 година. Во 10 септември иста година бри нивниот марш низ Раштански Колиби се сретнале со дивизија од армијата на Третиот Рајх и почнала тричасовна кратко трајна битка. Заради неискуството на бригадата Шефки бил погоден од непријателски куршум и загинал.

Во негова чест една улица во Велес го носи неговото име. После неговата смрт неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката костурница кадешто се наоѓаат и ден денес.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Македонски Турци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви во Битката кај Раштански Колиби