Годзила и Конг: Новото царство () — американски филм за чудовишта во режија на Адам Вингард. Тоа е продолжение на „Годзила против Конг“ (2021), петти филм во медиумската франшиза „MonsterVerse“ на Legendary Pictures, 38-ми филм во франшизата „Годзила“, 13-ти филм од франшизата „Кинг-Конг“ и петтиот филм за Годзила целосно произведен од американско студио. Во филмот играат Ден Стивенс, Ребека Хол, Брајан Тајри Хенри, Кејли Хотл и Фала Чен.

Поради успехот на „Годзила против Конг“ на киноблагајните за време на пандемијата КОВИД-19, Legendary во март 2022 г. објавил дека продолжението ќе биде во производство и ќе започне со снимање подоцна во текот на годината. Во мај 2022 г., било објавено дека Вингард ќе се врати како режисер, а Ден Стивенс ќе ја игра главната улога. Снимањето започнало во јули 2022 г. во Голд Коуст и завршило во ноември истата година.

Премиерата на филмот во САД била на 29 март 2024 г., а во Македонија на 28 март истата година.

Содржина Овој епски нов филм ќе истражува во историјата на титаните, нивното потекло и тајните на Островот на Черепите! Епската битка продолжува! Филмската вселена за чудовишта на студиото Legendary носи напнат судир меѓу Годзила и Конг во сосема ново приклучение што ги спротивставува моќниот Конг и страшниот Годзила против огромната закана скриена во светот, предизвикувајќи го нивното постоење. Годзила и Конг: Новото царство навлегува подлабоко во историјата на овие титани и нивното потекло, како и во тајните на Островот на Черепите и пошироко, откривајќи ја митолошката битка што помогнала да се обликуваат овие извонредни суштества и засекогаш ги поврзала со човештвото.

Улоги ГлумецУлогаРебека ХолАјлин ЕндрузБрајан Тајри ХенриБерни ХејсДен СтивенсТраперКејли ХотлЏијаАлекс ФернсМикаелФала ЧенАјви

Наводи

Надворешни врски

Матична страница Јапонската страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Американски акциони филмови