Имдина () или Медина (), познат и по италијанските епитети („Стар град“) и („Значаен град“), е утврден град во Северниот регион на Малта кој служел како поранешен главен град на островот од антиката до средновековниот период. Градот во своите ѕидини има население од 250 жители, но е во непосредна близина со градот Рабат, чие име доаѓа од арапскиот збор за предградие, и има население од над 11,000 жители (март 2014).
Подрачјето на градот било населено од праисторијата. Феникиска колонија позната како Ан (, ) била основана околу делејќи го истото име со островот и која веројатно служела како нејзино седиште. За време на Пунските војни, градот бил освоен од Римјаните и бил преименуван во Мелита () според грчкото и латинското име за островот. Грчко-римската Мелита била поголема од денешната Имдина. Денешната големина ја добила за време на византиското или арапското владеење. Во 9 век областа била опустошена и ненаселена до повторното основање во 11 век како , од каде доаѓа денешното име на градот. Медина служела како седиште на Малта се до доаѓањето на Редот на Свети Јован во 1530, кога таа улога ја презел Биргу. Медина доживеала период на пад во следните векови, и преродба во почетокот на 18 век кога биле подигнати неколку барокни зданија.
Во голема мера одржувајќи го својот средновековен карактер, Имдина остана центар на малтешкото благородништво, а верските власти и имотот во голема мера продолжува да се пренесува од семејства и од генерација на генерација. Меѓутоа, никогаш не ја вратил својата важност од пред 1530 година, поради што се појавил популарниот прекар „Тивкиот град“ од локалното население и од посетителите. Имдина се наоѓа на тентативната листа на Светско наследство на УНЕСКО и е една од главните туристички атракции на Малта.
Наводи
Категорија:Географија на Малта