мини|297x297пкс|Пример за тримерна графика Тримерна графика, 3D-графика или тридимензионална графика — гранка на сметачка графика посветена на методи за создавање слики или видеозаписи со моделирање на тримерни објекти.

3D-моделирање е процес на создавање тримерен модел на објект. Задачата на 3D-моделирањето е да развие видна тримерна слика на саканиот објект. Во овој случај, моделот може или да одговара на објекти од вистинскиот свет (автомобили, згради, ураган, астероид) или да биде целосно апстрактен (проекција на четиримерен фрактал).

Историја Вилијам Фетер бил заслужен за создавањето на изразот сметачка графика во 1961 г. за да ја опише неговата работа во Боинг. Раниот пример на интерактивна тримерна графика бил истражен во 1963 г. од програмата Sketchpad во лабораторијата Линколн на Масачусетскиот технолошки институт. Еден од првите прикази на сметачка анимација бил филмот „Иден свет“ (1976), кој вклучувал анимација на човечко лице и рака што првично се појавиле во експерименталниот кусометражен филм „Сметачка анимирана рака“ од 1971 г., создаден од студентите од Универзитетот во Јута, Едвин Катмул и Фред Парк.

Програмската опрема за тримерна графика почнала да се појавува за домашни сметачи во доцните 1970-ти. Најраниот познат пример е 3D Art Graphics, збир на сметачки 3D-графички ефекти, напишани од Казумаса Митазава и објавени во јуни 1978 г. за Apple II.

Наводи

Надворешни врски

A Critical History of Computer Graphics and Animation (Wayback Machine copy) How Stuff Works - 3D Graphics History of Computer Graphics series of articles (Wayback Machine copy) How 3D Works - Explains 3D modeling for an illuminated manuscript

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:3Д сметачка графика Категорија:Теми во научната фантастика Категорија:Сметачка графика Категорија:Програми за 3Д графика