Ивче Јованов, роден со името Ивче Орданов Јованов (Крива Круша, 21 октомври 1918 — Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан и член во НОВМ. Тој бил учесник во народната ослободителна борба во Македонија. Член во осмата македонска ударна бригада. Тој е исто така бил дел од комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот на сите загинати во таа битка неговото име е грешно претставено како Ивче Јорданов Вецов.
Животопис Роден е во 1918 година, за време на првата светска војна, во сиромашно земјоделско семејство. Завршил со основно школско образование во неговото родно село и одлучил да не продолжи со средно школско образование. Почнал да работи како земјоделец заедно со неговата фамилија. Во втората половина на 1930-тите години тој си го служел воениот рок на поранешната Југославија.
За време на ослободителното движење тој одлучил да го искористи неговото воено знаење и се приклучил во осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година. По неколку дена во 10-ти септември истата година бил учесник во Битката кај Раштански Колиби кадешто храбро и трагично загинал. После Војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село. Во 11-ти октомври 1979 година, неговите посмртни остатоци заедно со други партизани биле пренесени во велешката костурница, каде што се наоѓа и ден денес.
Наводи
Категорија:Луѓе од Крива Круша Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Жртви во Битката кај Раштански Колиби