Маргарита Вилсон Хенкс (англ: Margarita Wilson Hanks; моминско: Ибрахимова; 26 октомври 1956 година) ― американска глумица, пејачка и филмски продуцент. Глумела во филмовите: Волонтери (1985), Несоница во Сиетл (1993), Од време на време (1995), Тоа што го правиш! (1996), Jingle all the way (1996), Приказната за нас (1999), Невестата бегалка (1999), Комплицирано е (2009) и Лери Краун (2011), а се појавила и во телевизиските серии Добрата сопруга и Девојки. Вилсон настапувала на Бродвеј и продуцирала неколку филмови, меѓу кои и „Мојата голема дебела грчка свадба“ (2002). Како пејачка, Вилсон ги издала албумите AM/FM, Rita Wilson, Bigger Picture и Halfway to Home. Во март 2019 година, добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Живот и кариера Маргарита Ибрахимова е родена на 26 октомври 1956 година во Лос Анџелес. Нејзината мајка, Доротеа Цигкоу (грчки: Δωροθέα Τζίγκου), била Гркинка, а татко ѝ, Хасан Халилов Ибрахимов бил бугарски муслиман (помак). Татко ѝ се преселил во САД во 1949 година, и во 1960 година од ислам се покрстил во православен христијанин при што го променил името во Алан Вилсон.Stated on Who Do You Think You Are?, March 30, 2012. Семејството живеело во Лос Анџелес, каде што татко ѝ работел како шанкер.

Филм, телевизија и театар Вилсон ја започнала нејзината глумечка кариера со мали улоги на телевизија. Дебитирала со појавување во една епизода во серијата The Brady Bunch во 1972 година. Двапати се појавила во M*A*S*H во 1982 година, а се појавила и во ситкомите Three's Company и Bosom Buddies во кои глумел нејзиниот иден сопруг Том Хенкс.

Глумела во многу филмови, меѓу кои: „Волонтери“, „Варвари на портата“, „Оган на суети“, „Mixed Nuts“, „Несоница во Сиетл“, „Сега и тогаш“, „Тоа што го правиш“!, Невестата бегалка, Невидливо дете, Приказната за нас, Крени глас, Комплицирано е и Лери Краун.

На телевизија, ја глумела Сузан Борман во мини-серијата на HBO Од Земјата до Месечината, а гостувала во многу серии, вклучувајќи ги: „Фрејзер“, „Curb Your Enthusiasm“, „Закон и ред: специјална единица за жртви“ и „Тело на доказ“. Имала повторливи улоги во „Добрата сопруга“ и „Девојки“.

Таа многу ѝ помогнала на глумицата и сценарист Нија Вардалос да склучи договор за снимање на филмот Мојата голема дебела грчка свадба, кој станал независен филм со најголема заработка на сите времиња и во кој била продуцент. Вилсон продуцирала две сценски претстави, додека се работело на продукцијата на филмот. Продолжението, Мојата голема дебела грчка свадба 2, чиј копродуцент била Вилсон и во кој имала споредна улога, било објавено во 2016 година.

Во 2008 година, Вилсон го продуцирала филмот Мама Миа!, и осум години подоцна неговото продолжение, Мама Миа! 2.

Во 2006 година, Вилсон дебитирала на Бродвеј, каде што ја глумела Рокси Харт во возобновената претстава Чикаго. Во април 2015 година, Вилсон објавила дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека била подложена на двојна мастектомија и реконструктивна операција. Вон Бродвеј, играла различни улоги во драмата од Нора и Делија Ефрон Љубов, загуба и она што го носев. Вилсон настапила во претставата од Даниел Маргулис, добитник на Пулицерова награда, Вечера со пријателите, во режија на добитникот на наградата „Тони“, Ден Саливан.

Вилсон го продуцирала филмот Човекот по име Ото, првично објавен во декември 2022 година.

Музика Првиот соло-албум на Вилсон AM/FM бил објавен на 8 мај 2012 година со Decca Records. Албумот содржел класици од 1960-тите и 70-тите. Таа, исто така, извела дует на „All I Have To Do Is Dream“ со Крис Корнел, поранешен музичар од Soundgarden и Audioslave.

Во 2016 година го издала нејзиниот втор албум, Rita Wilson.

За поддршка на албумот, Вилсон била на турнеја со групата Чикаго; таа изјавила дека е долгогодишна обожавателка на групата.

Тематиката од нејзиниот трет албум, Bigger Picture, била извлечена директно од нејзиниот личен живот. За албумот, објавен на 28 септември 2018 година, повторно соработувала со продуцентот Фред Молин (Џони Матис, Џими Веб и Крис Кристоферсон); тие соработувале на нејзиниот прв албум AM/FM од 2012 година.

На 29 март 2019 година, Вилсон го издала нејзиниот четврти албум, Halfway to Home, кој ја содржел песната „Throw Me a Party“, песна инспирирана од нејзиното преживување на рак на дојка. Halfway to Home бил копродуциран од Нејтан Чепмен, кој редовно соработувал со Тејлор Свифт.

На 24 август 2022 година, Вилсон го најавила нејзиниот албум со дуети Now & Forever, збирка на преработки на песни од 70-тите. Албумот, меѓу другите гости, содржи дуети со: Вили Нелсон, Кит Урбан и Елвис Костело. Албумот, на кој му претходеле 3 сингла, вклучувајќи го и „Songbird“ што таа го извела со Џош Гробан во Радио Сити Мјузик Хол во април, бил објавен на 27 септември. За да го промовира албумот Вилсон настапила на Добро утро Америко со Смоки Робинсон и на Вечерното шоу со Џолс Холанд со Џексон Браун. Албумот бил номиниран за самоиздаден запис на годината на наградите „Либера“ во 2023 година.

Личен живот мини| Вилсон и Хенкс на 61-то доделување на Оскарите во 1989 година Вилсон се омажила за глумецот Том Хенкс во 1988 година. Хенкс имал две деца од претходниот брак, Колин и Елизабет Хенкс. Со Хенкс таа има два сина, Чет и Труман. Вилсон има три внуци.

Таа е член на Грчката православна црква.

Наводи

Надворешни врски

Rita Wilson at the TCM Movie Database Rita Wilson at the Internet Off-Broadway Database

Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Американски пејачки Категорија:Американски театарски глумици Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Американски филмски продуценти Категорија:Американски филмски продуцентки Категорија:Американски гласовни глумици Категорија:Пејачи од Лос Анџелес Категорија:Американски телевизиски глумици Категорија:Американци со грчко потекло Категорија:Американци со бугарско потекло Категорија:Глумици од Лос Анџелес Категорија:Помаци Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис