Аs1one (Како еден) е поп група составена од мешани израелски еврејски и палестински арапски членови.
Историја as1one групата била замислена и формирана од музичките претприемачи Џејмс Динер, кој го потпишал и развил Maroon 5, и Кен Левитан, кој потпишал и го развил Kings Of Leon. Почнувајќи од 2021 година, парот одржале аудиции низ градовите и малите села во Израел. По илјадници аудиции, тие на крајот ќе одлучиле на шестчлена вокална и мултиинструменталистичка група составена од Надав Филипс, Нив Лин, Асеел Фарах, Охад Атија, Садик Догош и Нета Розенблат, кои својата музика ќе ја изведуваат на англиски јазик. Членовите на групата доаѓале од различни потекла, опфаќајќи ја христијанската, еврејската и муслиманската вера. Аs1one постојат како група повеќе години, датираат од пред пандемијата КОВИД-19.
Во август 2023 година, as1one отпатувале во Лондон за да снимаат во Еби Роуд Студиос (анг: Abbey Road Studios) со Нил Роџерс. Групата подоцна се преселила во Лос Анџелес за да продолжат да ја снимаат својата дебитантска музика, која излегла на 5-ти октомври, непосредно пред избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас. Нета Розенблат во интервју изјавил дека членовите на бендот „секој од нив изгубил драги и блиски луѓе во оваа војна“ и дека „навистина е тешко да се видат вовлечени невини луѓе во војната од двете страни“. Во истото интервју, Садик Догош изразил загриженост дека бендот е принуден на „амбасадорска улога“ зошто тие се само музичари, а не политичари. Од пристигнувањето на групата во Америка, as1one соработувале со повеќе продуценти и текстописци, вклучувајќи ги Џена Ендрјус и Стивен Кирк, Џејсон Евиган, Оук Фелдер, Томи Браун, Џастин Трантер, Лил Арон, Дања и Y2K.
На 13 септември 2024 година, било објавено дека as1one потпишале со брендот Трти Тајгерс (анг: Thirty Tigers) дистрибуирана преку Орчард (анг: The Orchard). Тие, исто така, го објавиле својот прв сингл, Ол Ајс он Ас (анг: All Eyes on Us (со учество на Нил Роџерс). Слушателите ја критикувале песната и брендирањето на бендот како неповрзани со реалноста, во однос на веројатниот геноцид во услови на тековната израелска инвазија на Појасот Газа. Некои слушатели ја истакнале сличноста на „Сите очи на нас“ со „Сите очи на Рафа“, виралниот слоган во врска со израелската офанзива Рафах, и искажувале ставови со обвиненија дека песната го одвлекува вниманието од конфликтот. Други фанови пак го бранеле бендот и изјавувале дека тие можат слободно да се изразат како што чувствуваат и сакаат.
Приказната за as1one е тема на снимената документарна серија од 4 дела, која се емитувала на Парамаунт+.
Наводи
Категорија:Поп-групи Категорија:Машки групи Категорија:Музички групи основани во 2022 година