Радеша ( или Radesha; ) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот Округ, јужно Косово. Населението брои 779 жители (2024). Селото е претежно горанско
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Гора, во северозападните пазуви на Шар Планина, на надморска височина од 1.350 м.
Историја Селото за прв пат се споменува како селиште во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен. Според истражувања на Иван Јастребов, во селата Радеша и Лештане некогаш постоеле цркви.
Во 1900 година, Васил К’нчов ја забележал Радеша како македонско-муслиманско село во областа Гора со 100 куќи.Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 100, 103.
Според Стефан Младенов во 1916 г. Радеша (Ра̀деша) било македонско село со 90 куќи.Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев ја забележал Радеша како македонско село.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Население Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 јужнословенски муслимани (Горанци).
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години: Година1948195319611971198119912011Население7537948378841.2791.2261.224
Општествени установи
Амбуланта
Културни и природни знаменитости Џамии
Џамија во Долно Маало — селска џамија во Долно Маало; Џамија во Горно Маало — селска џамија во Горно Маало; и Џамија во Хоџино Маало — селска џамија во Хоџино Маало.
Поврзано Гора
Наводи
Категорија:Гора Категорија:Населени места во Косово Категорија:Драгаш Категорија:Горански населби во Косово