Франсоа Гизо (француски: François Pierre Guillaume Guizot, 4 октомври 1787 - 12 септември 1874) — француски политичар и историчар. По своите политички убедувања, тој бил монархист и приврзаник на династијата на Орлеаните. Како идеолог на крупната финансиска буржоазија, пред револуцијата од 1830 година, тој се наоѓал на чело на опозицијата против кралската династија на Бурбоните. Од 1840 до 1848 година, за време на владеењето на кралот Луј-Филип, ја водел француската влада, борејќи се против револуционерното движење.Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 64.

Наводи

Категорија:Француски политичари Категорија:Француски историчари Категорија:Родени во 1787 година Категорија:Починати во 1874 година