Во првата половина на април 1941 година како дел од краткотрајната Априлска војна помеѓу Кралството Југославија и Третиот Рајх, фашистичка Бугарија и Кралството Италија градот Велес бил бомбардиран три пати. Првото и најсуровото бомбардирање се одвивало во 7 април 1941 година од страна на германската фашистичка авијациска сила „Луфтвафе“. Следниот ден на 8 април градот целосно подпаднал под германска фашистичка окупација од страна на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“. Првото бомбардирање имало најголема штета кон градот и нејзините жители.

Кога подпаднало градот на германска фашистичка окупација, државните авијациски сили на Велика Британија којшто биле во војна со Третиот Рајх повторно го бомбардирале градот во 9 април 1941 година со едиствена цел да ги уништиле сите железничи пруги којшто го поврзале градот за да не биле злоупотребени од страна на Третиот Рајх против непријателите. Во 14-ти април 1941 година градот повторно бил бомбардиран од страна на силата на Велика Британија, овој пат британските воени водачи како Винстин Черчил грешно верувале дека велешкото население сакало да соработува со окупаторите и заради тоа повторно го бомбардирале градот.

Вкупните три бомбардирање на градот од 7 април до 14 април биле ужасни за локалното население, многумина имоти, куќи, патишта, пазари, дуќани, цркви и образовни институции биле целосно уништени, според проценки околу 65 жртви загинале во трите напади и над 210 куќи биле уништени. Но велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски и македонскиот историчар Стефан Влахов Мицов веруваат дека штетата била дури поголема, според нивните проценки над 100 жртви загинале и над 400 куќи биле уништени, изгорени или многу оштетени. Нападите биле многу голема загуба за велешкиот народ, цели семејства загинале за време на нападите.

Бомбардирањето и падот на Велес под суровата германска фашистичка окупација и после бугарската ксенофобиска фашистичка окупација се сметаат како почетокот на народното ослободително движење во Велес и велешкиот реон и после три години во 9-ти ноември 1944 година градот Велес бил конечно ослободен од бугарските и германските фашистички окупатори. Голем дел од жртвите којшто загинале во бомбардирањето се денес погребани во црквата „Св Спас“ и црквата „Св. Пантелејмон“.

Историја Прво бомбардирање

Во 6-ти април 1941 година Третиот Рајх ја почнала Априлската инвазија со единствена цела на целосното ликвидирање на Кралството Југославија. Во 6-ти април тие ги поразиле Брегалничката и Моравската дивизија којшто биле дел од југословенската армија, во истиот ден армијата на Третиот Рајх успешно ги поразиле гарнизоните на некој од македонските градови и ги освоиле како Струмица, Крива Паланка и Делчево. Главната причина за нивниот успех е заради големата моќ на тогашната германска армија и заради нивната развиена авијациска сила позната по името Луфтвафе. Тие ги бомбардирале месностите на армијата и кога пробале да се реорганизирале би ги поразиле.

Во вечерта на 6-ти април воените водачи на германската армија задржиле средба за како би ги освоиле останатите територии на Македонија во Југославија, главната одлука којшто биле донесена е тоа што требало прво воените системи во реонот да бидат уништени за да немаат толку отпор југословенската армија против Германците. Заради тоа во 7-ми април 1941 година им ја дадоа наредбата на германската Луфтвафе да ги бомбардирала градовите со најголема сконцентрација на југословенски војници. Во утрото на 7-ми април тие ја исполнија наредбата и ги бомбардирале градовите Штип, Кочани, Скопје и градот Велес.

На утрото во седми април, околу шесте часот првите авијациски авиони го бомбардирале градот Велес, првите бомби биле сконцентирани кон делата на градот со големо војско присуство, тие прво ги уништиле воените авиони на велешкиот гарнизон во црквите „Св Спас“ и „Св. Пантелејмон“. По паѓањето на првите бомби почнало паника помеѓу велешкиот народ, се огласиле камбаните на црквите во градот, на Гимназијата и на Градскиот часовник. Часеви во сите основни и средни училишта биле прекинати и сите ја добиле наредбата да почнале да пронајдат место за безбедност. За време на бомбардирањето Велес тринаесет пати бил надлетуван од германски авиони.

Градот бил завиткан во густа, темна, маглива завеса. Воздухот мрисал на барут и чад, а многу куќи гореле. Во тој напад од воздух имало и урнати куќи во градот кои биле направени од плитар, други со оштетени ѕидови и покриви. Велес се тресел од експлозиите на бомбите. Некои луѓе започнале да бегаат, бесцелно да лутаат наоколу и станале лесни мети за германските бомби и авиони. Најтешко биле погодени велешките населби Којник, Бузаана, Мегдан, С'рмаале. Започнала да дејствува и против-воздушната одбрана од позиција на црквата „Свети Спас“ потоа од над црквата „Свети Пантелејмон“ и од ридот Вршник. Против-авионски орудија имало поставено во полето кај фабриката за производство на талк, кај мигдалите засадени на ридот Гроот и во низискиот дел на градот, поточно во Речани. Најуспешна одбрана дала војската поставена кај црквата „Свети Спас“ која погодила два авиони, од кои едниот морал да се спушти принудно во поле кај Лозово, не се знае точната позиција.Велес и велешко за време на Втората светска војна

Бомбардирањето на Велес траело 2 до 3 часа. Градот станал пуст. Дел од жителите се криеле во куќите, дел успеале да избегаат надвор од Велес и да спасат глава засолнувајќи се на околните ридови и во градините на месноста Речани. Дел од нив заминале во околните села. Тие што останале дома, скриени во подрумите, визбите и плевните, а преживеале, штом завршило бомбардирањето први почнале да ги расчистуваат урнатите куќи, под кои главно се наоѓале загинатите велешани. По бомбардирањето цел ден Германците извидувале и надлетувале со авионите. Вечерта во 19 часот во градот влегле војниците на Извидничкиот баталјон на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“. Тие ги зазеле сите стратегиски важни места и објекти - Железничката станица, Поштата, поставиле митролески гнезда на мостовите, на стратегиските височини, на поголемите раскрсници, на плоштад Сармаале. Веднаш почнале да поставуваат објави и повици до граѓаните во кои ги повикувале на мир, стрпливост и соработка.

При бомбардирањето на Велес на 7 април 1941 година, беа засегнати и некои објекти, главно магазински простории на војската, непосредно до железничката станица. Штетата што придонесе бомбардирањето на германскиот луфтвафе била голема. Нивното бомбардирање од сите други три било најсуровото. 49 жртви загинале во бомбардирањето, неколку фамилии биле целосно уништени додека над 100 куќи биле уништени и неколкумина од црквите биле многу оштетени. Истакната велешка гимназија исто така била оштетена од бомбардирањето. Следниот ден градот целосно подпаднал под германска фашистичка окупација од страна на 73-та пешадиска моторизирана СС дивизија „Адолф Хитлер“.

Список на жртви од првото бомбардирање Според истражувањето на велешкиот историчар Ѓорѓи Малковски во неговата книга „Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга“ жртвите во првото бомбардирање се: +ЖртвиБројИмеДатум на раѓањеМесто на раѓањеРаботаГодиниНародност1Ката Димкова Андова1900ВелесТутунберачка40/41 годиниМакедонци2Рајна Илиева Брзакова191822/23 години3Ристе Тодоров Брзаков21 март, 1937Нема4 години4Љубенка Тодорова Брзакова22 јануари, 19392 години5Коле Илиев Гајдов26 февруари, 1923Политички активист18 години6Сутка Ѓошева Грацковалиева6 декември, 1912Домаќинка28 години7Петре Страшев Дебарлиев5 февруари, 1932Нема9 години8Сута Јорданова Демниева1925Домаќинка15/16 години9Благојка Петрова Ѓорчева8 декември, 1920Тутунберачка20 години10Љупка Петрова Ѓорчева26 февруари, 1938Нема3 години11Тодор Игнов Ѓорѓиев1866Војница, ВелешкоПензија74/75 години12Радица Ѓурѓевиќ1902Краљево, СрбијаНепознато38/39 годиниСрби13Сава Димкова Ингилизова1881ВелесДомаќинка59/60 годиниМакедонци14Димко Јорданов Ингилизов1896Ѕидар44/45 години15Коцка Ристева Јанова1922Домаќинка18/19 години16Алексо Петрев Јанков1880Свеќани, ВелешкоЗемјоделец60/61 години17Цвета Марковиќ1912КумановоБанкарка28/29 годиниСрби18Панче Јованов Митев1901ВелесОртомар39/40 годиниМакедонци19Ката Стефанова Мицева1907Домаќинка33/34 години20Аница Стефанова Мицева17 јули, 1937Нема3 години21Тодор Стефанов Мицев16 јануари, 19412 месеца22Ангел Нацев Николов1921Општ работник19/20 години23Павлина Грацковалиева Најдова1889Домаќинка51/52 години24Божана Димова Николова1923Тутунберачка17/18 години25Аспар Алексов Палашев1899Инспектор41/42 годиниТурци26Диме Петрушев1860Долно Врановци, ВелешкоЗемјоделец80/81 годиниМакедонци27Ефка Панова Петрушева1896ВелесДомаќинка44/45 години28Борче Миланов Петрушев19 јануари, 1929Нема11 години29Никола Поп Панчев1888Столар50/51 години30Магда Николова Поп Панчева1920Нема20/21 години31Борис Миланов Пупулиев29 јануари, 1920Пекар21 години32Сава Димова ’Ржарова1883Домаќинка57/58 години33Ордан Димов ’Ржаров1906Дурманџија34/35 години34Милка Димова ’Ржарова1923Домаќинка17/18 години35Илија Ристов Ристов1886Општ работник54/55 години36Пандора Панчева Ристова1890Домаќинка50/51 години37Павлина Јованова СкубароваСтари Град, Велешко38Ленка Николова Софијанова1870Велес70/71 години39Круме Тодоров Србов1901Занаетчија39/40 години40Стојан Јованов Станков1917Столар23/24 години41Розалиа Тотх1894Сегед, УнгаријаНепознато46/47 годиниУнгарци42Мица Панова Чорева1888ВелесДомаќинка50/51 годиниМакедонци43Веселинка Петрова Чорева191426/27 години44Васе Петрев Чингарлиев1906Тутунберач34/35 години45Павлина Цанина Чупчева1892Новачани, ВелешкоДомаќинка48/49 години46Лила Илиева Чупчева10 март, 1925ВелесТутунберачка16 години47Десанка Илиева Чупчева21 февруари, 1931Нема10 години48Тоше Илиев Чупчев19 февруари, 19356 години49Никола Гигов Џампалов1886Домаќин54/55 години +Жртви според возрасна група и полВозрасна групаВкупен број на жртвиБрој на жениБрој на мажиПроцент од загинатите0-5 години53210,2%6-10 години3126,1%11-15 години2114,1%16-20 години85316,3%21-25 години3126,1%26-30 години3306,1%31-35 години3126,1%36-40 години4228,2%41-45 години3126,1%46-50 години65112,2%51-55 години3126,1%56-60 години3216,1%61-65 години0000%66-70 години1102%71-75 години1012%76-80 години1012%Вкупно:492722100% Најмладата жртва во бомбардирањето бил Тодор Стефанов Мицев, тој потекнувал од родот Мицеви и се родил во градот Велес, бил само 2 месеци кога трагично загинал. Целиот род Мицеви загинале во бомбардирањето. Најстарата жртва во бомбардирањето бил Диме Петрушев од Долно Врановци, Велешко. Бил помеѓу 79 и 80 години кога загинал. За време на бомбардирањето пет документирани семејства биле целосно ликвидирани, тие се: родот Брзакови (членови: Рајна Илиева, Ристе и Љубенка Тодорови), родот Мицеви (членови: Ката, Аница и Тодор Стефанови), родот Петрушеви (членови: Диме, Ефка Панова и Борче Миланов), родот ’Ржарови (членови: Сава, Ордан и Милка Димови) и родот Чупчеви (членови: Павлина Цанина, Лила, Десенка и Тоше Илиеви). +Жртви според работаРаботаБрој на жртвиПроцентТутунберачи612,3%Без работа1020,4%Политички активизам12%Домаќинство1632,7%Пензиониран12%Ѕидарство12%Земјоделство24,1%Банкарство12%Ортомарство12%Општ работник24,1%Инспектор12%Столарство24,1%Пекарница12%Дурманџиство12%Занаетчиство12%Непознато24,1%Вкупно:49100% +Жртви според народностЕтничка групаБројПроцентМакедонци4591,8%Срби24,1%Турци12%Унгарци12%Вкупно:49100%

Второ бомбардирање