200px|мини|Венеса Трамп во 2017 година Ванеса Кеј Трамп (родена Перголизи, подоцна Хајдон; родена на 18 декември 1977 година) е глумица, модел и поранешна сопруга на Доналд Трамп Јуниор. Тие биле во брак од 2005 до 2018 година.
Ванеса Кеј Перголизи пораснала во градска куќа на горната источна страна на Менхетен и учела во приватното училиште Двајт. Чарлс Хејдон, нејзиниот очув, кого некои написи во весниците го нарекуваат нејзин татко, бил адвокат. Нејзината мајка Бони Кеј Хејдон ја водела модната агенција Кеј Моделс и има данско и шведско потекло. Таткото на нејзината мајка бил дански џез-музичар Каи Јунс.
Во текот на 1990-тите, во нејзините тинејџерски и дваесетти години, Ванеса била модел и потпишала договор со Вилхелмина Моделс.
Како глумица, Ванеса се појавила во сцена на филмот Љубовта нема правила(2003).
Есента 2003 година, Ванеса и нејзината сестра Вероника отвориле ноќен клуб наречен „Сеса“.
Во 2011 година, Ванеса се појавила во една епизода од Изборот на Доналд Трамп (предводена од нејзиниот свекор, Доналд Трамп). Таа, исто така, се појавила во една епизода од Брет Мајклс: Животот како што го знам (2010).
Од 2010 до 2013 година, Ванеса лансирала сопствена линија на чанти наречена Ла Пошет.
Личен живот За време на нејзините тинејџерски години, Ванеса се забавувала со локален уличен гангстер Валентин Ривера.
Во 1998 година, Ванеса била поврзана со американскиот актер Леонардо ди Каприо.
Од 1998 до 2001 година, Ванеса излегувала со саудискиот принц Калид бин Бандар бин Султан Ал Сауд. Врската завршила по нападите на 11 септември, кога Калид бин Бандар го напуштил САД откако неговиот татко-саудискиот амбасадор Бандар бин Султан Ал Сауд бил осомничен дека има индиректни врски со киднаперите на Ал Каеда.
На 12 ноември 2005 година, Ванеса се омажила за Доналд Трамп Џуниор. Свадбата се одржала во клубот Мар-а-Лаго во Флорида; службата ја водела тетката на Трамп Џуниор, судијката Марјан Трамп Бери. Трамп Џуниор ја запросил со прстен од 100.000 американски долари што го добил како подарок од златара во замена да ја запроси пред папараците пред златарата во трговскиот центар Шорт Хилс во Њу Џерси.
Ванеса и Дон Џуниор заедно имаат пет деца: ќерката Каи Медисон (род. мај 2007); синот Доналд Џон III (р. февруари 2009 година); синот Тристан Милош (р. октомври 2011); синот Спенсер Фредерик (р. октомври 2012 година); и ќерката Клои Софија (р. јуни 2014 година). Најстарата ќерка Каи го носи името на нејзиниот покоен прадедо Каи Јуанс, познат музичар.
На 15 март, 2018 година, било објавено дека Ванеса поднела барање за неоспорен развод во Њујорк; сепак, подоцна било откриено дека разводот бил оспорен. Во јули 2018 година, тие го решиле прашањето за старателство над децата и разводот завршил на крајот на 2018 година.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Американски модели Категорија:Американски глумици