Кинг-Конг (англиски: King Kong) — измислен лик од истоимениот филмски серијал. Кинг-Конг е опишан како гигантско чудовиште (или каиџу) сличен на горила и потекнува од измислениот Остров на Черепите (англ. Skull Island), изгубен остров што се наоѓа некогаш во Индискиот Океан. Првиот филм за Кинг-Конг се појавил во 1933 година, како дело на американскиот авантурист и филмски продуцент Меријан К. Купер, инаку близок пријател и соработник на славниот режисер Џон Форд. Во 1976 година бил снимен вториот филм за Кинг Конг, во производство на Дино де Лаурентис, а во режија на Џон Гилермин, додека третата верзија се појавила во 2005 година, дело на режисерот и продуцентот Питер Џексон.King Kong, američki film (1976.) (пристапено на 9.12.2024)

Потекло на името Пријателот на Меријан Купер, Даглас Барден, го посетил островот Комодо и за тоа напишал книга во која ги нарекол гигантските варани што живеат на островот „кралеви на Комодо“ (англ. King of Komodo). Под влијание на оваа книга, на Купер му дошла идеја дека би било интересно да се фати вистинска горила во Конго и да се натера да се бори со комодски варан (подоцна оваа идеја се претворила во битка помеѓу Кинг-Конг и тираносаурус на Островот на Черепите). Покрај тоа, на Купер (исто како и на Џорџ Истмен) секогаш му се допаѓало како звучат зборовите што почнуваат на буквата „К“.Vaz, Mark Cotta[англ.]. Living Dangerously: The Adventures of Merian C. Cooper, Creator of King Kong (англ.). — Villard, 2005. — P. 190, 193—194. — ISBN 1-4000-6276-4.

Наводи

Категорија:Филмски серијали Категорија:Филмски ликови