Залабије е прженица или крофна што може да се најде во неколку кујни низ арапскиот свет, Западна Азија и некои делови од Европа под влијание на првото. Направена е од поретко тесто од пченично брашно кое се сипува во врело масло и се пржи. Најраниот познат рецепт за ова јадење потекнува од арапски готвач од 10 век и првично бил направен со истурање на тестото низ лушпа од кокос.

Историја Најраните познати рецепти за залабија потекнуваат од арапскиот готвач од 10 век Китаб ал-Табих. Во старата Ал-Багдади книга со рецепти на Арапите; тестото се истура низ кокосова лушпа. Овој стил на пржење е сличен на индиските џалаби и рецепт од германската кујна од 16 век за штраубен ко је правел со помош на инка.

Развиени се различни методи при подготовката на пецивото пециво. Според Мукадаси (10 век н.е.), луѓето во Сирија во зима „[би] подготвувале тип на Залабија кој не е во вид на решетка. Ова би бил прженото пециво Залабија. Некои се со издолжена форма, слични на тркалца, додека помалите, понекогаш направени во топчиња, се слични на обликот на кнедли." Во Северна Африка, тие би го дале името Залабија на различен вид на печиво, имено на Мушабак, што е длабоко пржено пециво во форма на решетка, направено со тесто и натопено во сируп „асал (мед) или катр.„

Во 1280 година, еврејско-сицилијанскиот лекар Фарај бен Салим, превел на латински фармацевтска книга, (латински: Tacvini Aegritvdinvm et Morborum ferme omnium Corporis humani ), напишана од Ибн Јазла, арапски доктор и се состои од голем број персиски рецепти, вклучително и еден за „Зелебија“.

Меѓу јеменските Евреи, залабије бил десерт кој се јадел особено во зимските месеци. Во Јемен, залабија се пржи во камено тенџере обложено со масло околу 1 цм. во кое се меша масло, а понекогаш и мед. Таму, залабије се прави од меко тесто со квасец [и] се пржи од двете страни во длабоко масло. Има и такви кои во тестото додаваат црн ким за подобар вкус. Тие се јадат додека се уште се топли, додека некои имаат како практика е да ги јадат со мед или со шеќер“.

Рано познато потекло Според Самоил, ќерката на цар Давид приготвила пржени прженици за нејзиниот полубрат Амнон. До вториот век од н.е., името на прженицата го добило името суфгенин на мишнаички хебрејски, збор изведен од неговата текстура слична на сунѓер со алвеоларни дупки.

Традиција Залабије вообичаено јадат муслиманите за време на месецот Рамазан, хиндусите за време на прославите на Дивали, индиските христијански заедници за време на Божиќ и Велигден а сефардските Евреи за Ханука. Во Либан се јадат во ноќта на 5 јануари за да го прослават крштевањето на Исус Христос. Тестото се меша со анасон на југот на земјата, а во тестото се прават три дупки за да ја симболизираат Светото Тројство. Тој ден се јадат и во издолжена и во кружна форма.

Залабије (или зелеби) се традиционален суфган („сунѓересто тесто“) за персиските Евреи.

Модерни варијации Овој пржен десерт е многу честа појава во индискиот потконтинент, во земји како Индија, Пакистан, Шри Ланка, Непал, Бангладеш, иако се прави поинаку од овој тип како на Блискиот Исток и Северна Африка. Во многу земји од Блискиот Исток и Северна Африка, како што се Иран, Ирак, Јордан, Сирија, Либан, Тунис, Алжир, Судан, а исто така и во Египет, тие личат на сунѓерести колачи пржени во масло.

Во Иран, каде што е познато како золбија, слаткото традиционално им се давало на сиромашните за време на Рамазан. Постојат неколку рецепти за десертот од 13 век, а најприфатениот е споменат во готвачот на Мухамед бин Хасан ал-Багдади.

Во Ирак во 20 век, скробот бил основна состојка во нивната залабије, прелиена со шеќер. Во Северна Африка, залабије често се правеле со додавање на јогурт во сувите состојки.

Тие се познати како злебија во туниската кујна, џалебие на Филипините, зулбија во Азербејџан, гварамари во Непал и џилапи во Индија.

Поврзано

Џелеби Сфењ Муруку Тулумба Локма Список на видови крофни

Наводи

Категорија:Крофни Категорија:Индиска кујна Категорија:Блискоисточна кујна Категорија:Иранска кујна Категорија:Арапска кујна