мини|Картава ги прикажува земјите во светот кои користат латинско писмо. Латинизам () — збор, идиом или израз што потекнува од латинскиот јазик. Латинизмите може да бидат заемки или усвоеници во јазикот што ги усвоил. Во европските јазици има многу латинизми.
Лексички латинизам На основно ниво на одредени зборови и лексеми, создавањето и усвојувањето на латинизмите има долга историја, која датира од древни времиња. Раните лексички латинизми се потврдени во различни јазици кои стапиле во допир со латинскиот јазик за време на ширењето на античката римска култура. Овој процес продолжил и во средниот век, а во модерните времиња се здобил со нови облици под влијание на научната терминологија, главно заснована на научниот латински. Како посебна подгрупа на лексички латинизми, разни ономастични латинизми се образуваат преку латинизација на сопствените именки, вклучувајќи лични имиња и топоними.
Синтаксички латинизам Обновениот интерес за класичната латинска книжевност за време на ренесансата резултирала со појава на различни облици на синтаксички латинизми, изразени со на ренесансните и подоцнежните автори да ја обликуваат синтаксата на нивните реченици според реторичкиот стил користен од класичните латински автори, како Цицерон и Цезар.
Идиоматски латинизам Идиоматските латинизми се фрази или идиоми кои се усвоени од латинскиот јазик или моделирани според латинската фразеологија.
Поврзано Список на латински изрази Список на латински кратенки Список на латински правни изрази Новолатински
Наводи
Категорија:Латински јазик Категорија:Зборообразување