Фотографското друштво на Америка (, PSA) е една од најголемите непрофитни организации за фотографи и фотографски организации во светот. Основана е во 1934 година, со цел промоција на уметноста и науката на фотографијата како средство за комуникација, културна размена и ценење на сликата. Организацијата обезбедува едукација, инспирација и можности за сите заинтересирани за фотографија, поттикнувајќи личен раст, креативност и етичко однесување.

Историја

PSA произлегува од „Associated Camera Clubs of America“ (ACCA), основано во 1919 година. Во 1934 година, ACCA одлучило да се реорганизира, дозволувајќи индивидуално членство и менувајќи го името во Photographic Society of America. Оваа трансформација била поддржана од фотографите, фото-клубовите и водечките фотографски институции .

PSA продолжува да биде водечка сила во светот на фотографијата, нудејќи ресурси и можности за фотографите од сите нивоа на искуство.

Активности

Организацијата нуди бројни активности за своите членови, вклучувајќи:

Едукативни можности: ПСА обезбедува онлајн курсеви, вебинари, студиски групи и има менторски програми за подобрување на фотографските вештини. Издава месечно списание, достапно онлајн или како печатено издание и кое нуди статии, совети и информации за најновите трендови во фотографијата. PSA е организирана во шест дивизии специјализирани за различни области на фотографијата и кои се фокусираат на различни аспекти на фотографијата, овозможувајќи им на членовите да се вклучат во области од нивен интерес. Квартални билтени за секоја дивизија. Натпревари за индивидуални и клупски членови.

Членство

PSA има членови во повеќе од 60 земји, обезбедувајќи глобална платформа за размена на идеи и искуства меѓу фотографите.

Наводи

Категорија:Непрофитни организации во САД Категорија:Фотографски организации