мини| Пакетомат (автомат за испорака и испраќање пакети) од Италијанската пошта Пакетомат или автомат за пратки — автоматски уред што го користат поштенските или превозните претпријатија за испорака или испраќање пратки.

Првично вакви механизми вовела Дојче пост во 2005 година под името Packstation. Главно претпријатие специјализирано за оваа услуга е полската InPost, која на механимот му го дала името Paczkomat, стопеница од поимите paczka (пакет) и -mat, наставка што се користи меѓународно за да означи автомат.

Изглед и работа мини| Пакетомат на InPost во Полска Уредот има изглед на киоск со шкафче со неколку метални кутии во повеќе редови што може директно да ги отвори примачот на пакетот користејќи бројна шифра или скенирање на QR-код испратен до него преку СМС, е-пошта или преку посебна апликација за мобилни уреди. Истиот автомат може да овозможи испраќање на пакети, во тој случај испаќачот ќе ја остави пратката во еден од преградоците за да може да ја подигне курир. На овој начин курирот нема да мора да доставува пакети од врата до врата или да контактира со различните примачи со очигледна заштеда во време и гориво. Понатаму, автоматот може да работи 24 часа секој ден, овозможувајќи му на примачот/испраќачот да одлучи за најпогодното време за земање или испраќање на пакетот.

Раширеност Слични системи постоеле од раните 2000-ти, но значително зголемување на потребата за овие киосци се јавило со пандемијата COVID-19.

Пакетомати во Македонија Во Македонија услугата за достава/испраќање пратки преку пакетомати првично ја воведе „Карго експрес“ од Битола која на почетокот поставила 7 пакетомати во Скопје и 1 во Битола.

Како и во полскиот случај и овде претпријатието го воведува поимот „пакетомат“ по истите начела - стопеница од „пакет“ и наставката „мат“ (наставка за автомат).

Наводи

Поврзано Поштенска услуга

Категорија:Пошта Категорија:Неологизми од 21 век Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ