мини|320x320пкс| Островот Ластово (на картата на Средна и Јужна Далмација) во времето пред битката бил дел од византиската тема Далмација, која за време на владеењето на Стјепан Држислав бил под управа на хрватскиот крал. Битката кај Ластово — вооружен судир меѓу жителите на хрватскиот остров Ластово и поморските сили на Венецијанската Република, кој се случил во пролетта 1000 година. Венецијанците ја опколиле утврдената населба на островот, ги пробиле одбранбените линии и по жестока борба извојувале победа. По битката, тие ги поштедиле животите на преживеаното население, но ги уништиле ѕидините на населбата, ја запалиле населбата и го припоиле целиот остров кон нивната држава за краток временски период.
Историска заднина Ластовската битка била резултат на збир на околности настанати на крајот на 10 век во областа околу Јадранското Море. На престолот на венецијанскиот дужд во 991 година дошол Петар II Орсеоло, кој прво ги подобрил односите со Франција и Византија и решил да престане да им плаќа на Хрватите годишен данок за бесплатна пловидба во Јадранот. Кога умрел хрватскиот крал Стјепан Држислав (околу 997 г.), Орсеоло извршил подготовки за заземање на хрватските краеви покрај морето, кои дотогаш биле дел од византиската тема Далмација и со кои управувал хрватскиот крал со овластување на византискиот цар.
Во тоа време, на самиот крај на 10 век, имало и династичка криза на хрватскиот престол, бидејќи двајцата помлади синови на кралот Држислав, Крешимир и Гојслав, го оспориле правото на круната на најстариот Светослав, па дошло до нивна меѓусебна борба, што значително ја ослабнало одбраната на кралството. Светослав бил соборен од престолот и нашол засолниште во Република Венеција.
Венецискиот дужд решил да ја искористи приликата, собрал голема флота и ја повел во поход кон југоисток. Бидејќи во многу крајбрежни и островски градови мнозинството од населението било со римско потекло, доаѓањето на венецијанската флота предводена од дуждот и преземањето на управата на одделни градови продолжило без поголеми инциденти. Сепак, островските градови Вис, Хвар и Корчула Орсеоло ги зазел со понекогаш поголем, а понекогаш помал отпор. Жителите на Ластови им пружиле најжесток отпор на Венецијанците.
Битка Не е познат точниот датум на Битката кај Ластово. Од записите на венецијанскиот летописец и секретарот на дуждот, Иван Ѓакон, се знае дека пред почетокот на походот на дуждовата флота, на 9 мај 1000 година во Венеција, свечена прослава на празникот Спасовден, по што, на мисата во катедралата, месниот епископ му го предал венецијанското посветено знаме на Орсеоло. Еден ден подоцна, придружбата на дуждот била кај патријархот во блискиот Градо, така што на 11 мај отпловиле на југ.
Жителите на Ластово негостољубилов ја пречекале венецијанската флота, зад одбранбените ѕидини на нивната населба, давајќи им до знаење на Венецијанците дека ќе пружат отпор. Последниве потоа ја опколиле населбата, а по повикот за предавање, кој немало одговор, ја нападнале неговата влезна порта, како и кулите кои се наоѓале на падините кон внатрешноста на островот. Тие успеале да ја освојат кулата во која жителите имле цистерни со залихи вода за пиење, што значело голема загуба за бранителите. Наскоро преживеаните Ластовци биле принудени да го положат оружјето и да клекнат пред дуждот, кој решил да им ги поштеди животите. Но, тој наредил да се урнат бедемите на Ластово, за да не можат повеќе жителите да се спротивставуваат. Во исто време спалена била и самата населба, а останатите жители потоа изградиле нова и тоа на друго место на островот.
Ластово по битката Петар II Орсеоло со победата во битката го ставил Ластово под своја власт. После тоа, со својата флота отпловил југоисточно, во правец на Дубровник, каде што го пречекале дубровнички службеници и му изразиле верност. Потоа се вратил во Венеција и ја додал титулата dux Dalmatiae (Војвода од Далмација) на титулата дужд.
Владеењето на Венецијанците на Јадранот, вклучително и Ластово, продолжило под синот на Петар и наследник Ото Орсеоло, кој владеел до 1026 година. Малку подоцна, хрватскиот крал Стјепан I, користејќи ги венецијанските проблеми и смртта на византискиот цар Василиј II, вратил делови од Далмација под негова власт. За време на владеењето на Стјепановиот син Петар Крешимир IV (владеел 1058-1074), кој ја носел титулата „Крал на Хрватска и Далмација“, Ластово било дел од Хрватска.
Во средината на 13 век, поточно во 1252 година, жителите на Ластово решиле да го приклучат својот остров на Дубровничката Комуна (која подоцна станала Дубровничка Република).
Надворешни врски Mletački dužd Orseolo napao Lastovo 1000. godine Lastovo pružilo žestok otpor Mlečanima U mletačkom vojnom pohodu 1000. godine razoren lastovski kaštel
Категорија:Историја на Далмација Категорија:Ластово Категорија:Хрватско-венецијански војни Категорија:Венецијански средновековни битки