Четвртфиналето на Европското Првентство 1968 било последното коло од квалификациското натпреварување за Европското првенство во 1968 година. Се натпреварувале победниците од осумте групи на квалификацискиот турнир. Победниците на секоја од четирите натпревари дома и на гости се квалификувала за завршниот турнир во Италија. Натпреварите се одиграле во април и мај во 1968 година.

Квалификација Секој победник на групата напредувал во четвртфиналето. Четвртфиналето се играло во два натпревари: дома-гости. Ако збирните резултати биле израмнети на крајот од нерешениот резултат, трет натпревар морал да се игра на неутрално место. Победниците од четврт-финалето оделе на завршниот турнир.

Ждрепка Ждрепката за четвртфиналето била спроведена во Париз на 16 јануари 1968 година. Во тоа време биле познати само 7 од осум победници на групите, бидејќи клучниот натпревар од групата 8 во која учествувале Шкотска и Англија бил закажан на 24 февруари. Немало подредување според претходни настапи. Репрезентациите биле извлечени по следниот редослед: Победничка група 8 - Шпанија, Франција - Југославија, Унгарија - СССР, Бугарија - Италија. Полуфиналето би било: Победник QF1 - Победник QF2, Победник QF3 - Победник QF4. На истиот состанок било одлучено Италија да биде првиот избор за домаќин на завршниот турнир во јуни 1968 година.

Резиме

Натпревари Осумте натпревари се одиграле на два натпревари, кои се одиграле во април и мај 1968 година. 

Италија победила со вкупен резултат 4-3 и се квалификувала за Европското Првентство 1968 година.

Советскиот Сојуз победил со вкупен резултат 3-2 и се квалификувал за УЕФА Европското Првентстцо 1968 година .

Англија победила со вкупен резултат 3-1 и се квалификувала за УЕФА Европското Првентство 1968 година .

Југославија победила со вкупен резултат 6–2 и се квалификувала за УЕФА Европското Првентство 1968 година .

Стрелци на головите Вкупно биле постигнати 24 гола во 8 натпревари, во просек 3 гола по натпревар.

3 Гола

Вахидин Мусемиќ

2 Гола

Флери Ди Нало Пиерино Прати Илија Петковиќ

1 Гол

Динко Дерменџиев Никола Котков Петар Жеков Боби Чарлтон Норман Хантер Мартин Питерс Јанош Фаркас Јанош Гороч Ангело Доменџини Анатолиј Бушовец Муртаz Хурцилава Амансио Амаро Драган Џаиќ

1 Авто Гол

Димитар Пенев (против Италија) Ерно Солимоси (против Советскиот Сојуз)

Наводи

Надворешни врски

Квалификации за УЕФА Европското Првентство 1968 година Категорија:Европско првенство во фудбал