Црната Вдовица () — американски суперхеројски филм од 2021 г., заснован на истоимената хероина на Marvel Comics. Филмот е во производство на Marvel Studios, а распределен од Walt Disney Studios Motion Pictures. Тоа е 24-ти филм во медиумската франшиза на „Кинематографската вселена на Marvel“ (КВМ), првиот филм од Четвртата фаза и приказната „Сага за Мултивселената“. Режисерка на филмот е Кејт Шортланд, а сценариото го напишал Ерик Пирсон. Скарлет Јохансон ја играла улогата на Наташа Романоф / Црната Вдовица; Во филмот играат и Флоренс Пју, Дејвид Харбор, Оу-Ти Фагбенли, Ољга Куриленко, Вилијам Херт, Реј Винстон и Рејчел Вајс. По настаните од „Капетан Америка: Граѓанска војна“ (2016), Наташа Романоф се обидува да се помири со своето минато.
Премиерата на филмот во САД била на 9 јули 2021 г., а во Македонија на 8 јули истата година.
Содржина Во филмот на Marvel Studios, Наташа Романоф, попозната како Црната Вдовица, се соочува со помрачните делови од нејзиниот животопис кога ќе се појави опасен заговор поврзан со нејзиното минато. Прогонувана од сила што нема да застане пред ништо за да ја собори, Наташа мора да се справи со нејзината историја како шпионка и со прекинатите врски што останале зад себе долго пред да станела Одмаздник.
Улоги ГлумецУлогаСкарлет ЈохансонНаташа „Романоф“ Романова / Црната ВдовицаФлоренс ПјуЈелена Белова / Црната ВдовицаДејвид ХарборАлексеј Шостаков / Црвениот СтражарОу-Ти ФагбенлиРик МејсонОљга КуриленкоАнтонија Дрејков / ТаскмастерВилијам ХертТадеус „Грмотевицата“ РосРеј Винстонгенерал ДрејковРејчел ВајсМелина Востокоф / Црната ВдовицаЏулија Луј ДрајфусВалентина Алегра де Фонтејн
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2021 година Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Американски акциони филмови