Уставотворно собрание на Народна Република Македонија — највисок орган на уставотворната власт во Народна Република Македонија, конституиран врз основа на Законот за Уставотворното собрание на НРМ од 27 јуни 1946 година. Законот бил објавен во македонскиот службен весник во 30 јуни 1946 година.Службен весник на Народна Република Македонија (30 јуни 1946) Год. II, број 24 Уставотворното собрание било укинато во 31 декември 1946 година откако си ја исполни нејзината функција.

Историја

По успехот на народната ослободителна војна, Македонија успеала да се ослободи од суровата окупација на бугарската фашистичка администрација. Со тоа, како дел од новата Комунистичка Југославија, почнаа да формираат важни државни органи кои ќе помогнат со управувањето на државата. Главниот проблем на новата администрација во нејзините први години биле недостатокот на професионалци, како што истакна историчарката Виолета Ачкоска во нејзината статија „Македонската емиграција во Бугарија и афирмацијата на македонската национална посебност во периодот на формирањето на Асномска Македонија“ имало „глад за кадар“. Поради тоа повеќето стари македонски револуционери во Бугарија биле поканети да учествуваат во новата македонската социјалистичка власт.

Уставотворното собрание помогна во преминот на македонската влада од Президиум на АСНОМ во Президиум на Народна Република Македонија. Уставотворното собрание била задолжена за пишување на уставот на Народна Македонија и имала поголема моќ од Президиумот. Но, штом ќе ја исполни нејзината цел, веднаш ќе била укината и заменет со тогашниот македонско собрание Секој граѓанин во Југославија можеле да гласа за членови во Уставотворното собрание се додека имале над 18 години и секој граѓанин од Југославија можел да биде кандидат се додека имал политичко искуство и е одобрен од Президиумот. На првото заседание на Уставотворното собрание најпрвин говорот го одржал тогашниот претседател на Социјалистичка Македонија, а потоа го следеше најстариот член на Уставотворното собрание кој ќе стапи на чело. За време на првото заседание како прв водач на Уставотворното собрание бил избран македонскиот револуционер Крсте Гермов - Шакир.Службен весник на Народна Република Македонија (25 ноември 1946) Год. II, број 32

Во првото заседание членовите на Уставотворното собране гласаат за Верификационен одбор составен од 15 членови. Клучната задача на Верификационен одбор е да ги анализира предлозите на членовите од Уставотворното собрание во однос на структурата на македонскиот устав, тоа е еден од најважните органи во Уставотворното собрание. Верификационен одбор, исто така, ја има клучната задача да организира заседанија за Уставотворното собрание, тие треба да ги известат членовите на собранието околу седум дена пред да започне заседанието. Откако ќе се избере претседателот на Уставотворното собрание, тие можат да изберат претседател за Верификационен одбор. Откако членовите од Уставотворното собрание ќе бидат избрани од народот, тие избираат членови за нов орган наречен Президиумот на Уставотворното собрание кој привремено ја раководи земјата додека не е готов уставот, тој се состои од претседател, тројца потпретседатели, двајца секретари и најмногу триесет членови на Президиумот.

Судир на интереси меѓу Алексо Мартулков и Лазар Колишевски

мини|263x263пкс|Состав на новата влада во Президиумот на АСНОМ после второто заседание на АСНОМ, вториот од лево кон десно во прв ред е Алексо Мартулков лево|мини|266x266пкс|Говорот на Мартулков. Кога за прв пат се формирало Уставотворното собрание тогашниот претседател на Македонија Лазар Колишевски им ја даде наредба да не се дискутира за одредени теми во врска со македонскиот устав, една од нив било обединувањето на Пиринска Македонија со Македонија, поради тоа што во тоа време не било сигурно дали Пиринска Македонија ќе била или не дел од новата социјалистичка Македонија. И покрај тоа предупредување од Лазар Колишевски, Алексо Мартулков, стар македонски социјалист и политичар од Велес кој служел како претставник на македонската емиграција во Бугарија во бугарското собрание, во еден јавен говор во Уставотворното собрание побарал обединувањето на Пиринска Македонија и поканувањето на претставници од Уставотворното собрание на Бугарија, што исто така било формирана околу истиот период.

Тој инсистирал македонското Уставотворно собрание да усвои заклучок со кој ќе се бара отечентвено-фронтовска Бугарија јасно да го одреди својот став кон македонското национално прашање, односно за прашањето за обединување на пиринскиот дел од Македонија со македонската држава. Со интервенција на комунистичкото раководство по говорот на Мартулков немало расправа и истиот бил забранет да се печати. И покрај забраната, Бугарската комунистичка партија дошла до говорот на Мартулков и лично Георги Димитров протестирал кај Јосип Броз Тито. Македонското раководство го обвинила Павел Шатев за предавањето на говорот на Бугарите на средбата со нивната делегација во Белград на Сеславјанскиот конгрес, што може да се забележи и во извештајот на Колишевски до ЦК КПЈ за забраната за објавувањето на говорот на Мартулков во Уставотворното собрание и односот кон Шатев. По несреќата Мартулков бил насилно пензиониран и постепено го изолирале комунистичките раководители од македонската политика.

Структура на 22 септември 1946 година биле спроведени избори за избор на членови на Уставотворното собрание. Од 672.729 избирачи запишани во избирачките списоци, гласале 544.080 или 94%. За кандидатската листа на Народниот фронт гласале 99,25%, а за десетте слободни кандидати 0,75% од избирачите што пристапиле кон гласањето. За пратеници на Уставотворното собрание биле избрани 192 члена, од 42 изборни единици. Пратеници станаа неколку илинденци и поголем број делегати на АСНОМ. Уставотворното собрание го донесе Уставот на НРМ со 180 гласачи „за“ и без противници во 31 декември 1946 година.Устав на НР Македонија (1946)Службен весник на Народна Република Македонија (1 јануари 1947), Год. III, број 1МАКЕДОНСКИОТ УСТАВЕН РАЗВОЈ - Хронолошки преглед (ноември 2021) од Македонското собрание Следните политичари биле дел од Уставотворно собрание:Уставотворно собрание на НРМ (2009) дел од Македонската енциклопедија, уредена од Блаже Ристовски +ЧленовиБројИмеМесто на раѓањеДатум на раѓањеПортрети1Наум НаумовскиКрушево1920безрамка|101x101пкс2Бошко СтанковскиБрусник, Битолско1925N/A3Боге Василевски??N/A4Хамди ДемирСкопје1917N/A5Боро ЧаушевНеготино1917безрамка|99x99пкс6Веселинка МалинскаКуманово1917безрамка|80x80пкс7Димитар ВлаховКукуш1878безрамка|106x106пкс8Алексо МартулковВелес1878безрамка|103x103пкс9Лазар МојсовНеготино1920безрамка|96x96пкс10Петре ПирузеОхрид1907безрамка|96x96пкс11Боро ПоцковСтрумица1916безрамка|114x114пкс12Ремзи Исмаил??N/A13Никола ВражалскиКочани1914N/A14Страхил Трајковски??N/A15Душко ЛукарскиБашино Село, Велешко1913N/A16Крсте ЦрвенковскиПрилеп1921безрамка|106x106пкс17Александар Мартиновски??N/A18Георги ИвановскиПодмочани, Ресенско1913N/A19Исмаил Хамди??N/A20Стерјо БоздовКрушево1902безрамка|112x112пкс21Емин Калангар??N/A

Заменик членови Список на заменик членови: +БројИмеДатум на раѓањеМесто на раѓање1Гојче Стефковски??2Нуман Вејсел??3Ристо Бајалски1916Солун4Александар Дума??5Никола Пешев??6Муса Јајов??7Круме Наумовски1914Тетово8Крсте Марковски1925Никифорово, Гостиварско9Садик Несими??10Стоилко Ивановски1920Ораов Дол, Велешко11Џафер Кодра1923Дебар12Емануел Чучков1901Ново Село, Штипско13Бејзат Муратов??14Ристо Џунов1919Ваташа, Кавадаречко15Кирил Михајловски1916Виница16Трајко Николов??17Михајло Милошевски??18Џафер Демиров??19Лазар Гиновски1913Белчишта, Дебрца20Ирфан Дика??21Боро Чушкар1916Куманово

Наводи

Категорија:Собрание на Социјалистичка Република Македонија Категорија:Социјалистичка Република Македонија Категорија:Уставотворно собрание на Народна Република Македонија