мини|Коктел „пеницилин“ Пеницилин — службен коктел на Меѓународната асоцијација на шанкери (МАШ) направен со шкотско виски, ѓумбир, меден сируп и свеж лимонов сок.
Историја Коктелот пеницилин е создаден во 2005 г. од австралискиот шанкер Сем Рос, кој во тоа време живеел во Њујорк. Неговото име е вдахнато од антибиотикот пеницилин, откриен од шкотскиот научник Александар Флеминг, подразбирајќи на наводните лековити својства на пијалакот. Сличен на жешко тоди, пеницилинот често се поврзува со тоа што ги ублажува симптомите на настинка и грип.
Првично послужен во познатиот бар Milk & Honey во 2005 г., коктелот со текот на годините се здобил со светска популарност. До 2024 г., тој бил сместен како 11-ти најчесто нарачуван коктел во баровите ширум светот.
Состав
Потребни состојки
60 мл мешано шкотско виски 22 мл лимонов сок 22 мл меден сируп и ѓумбир 7,5 мл виски (едносладен скоч од островот Ајла)
Начин на подготовка
Излупете го парчето ѓумбир и исечете го на парчиња. Префрлете ги во сад за готвење заедно со 340 грама мед и 2,5 децилитри вода и оставете ја смесата да зоврие. Продолжете да варете уште 5 минути на умерена температура. Потоа, смесата оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер, а наредниот ден процедете ја со газа. Измешаното виски, лимоновиот сок и сирупот (22 милилитри) добро протресете ги во шејкер со мраз. Сипете во чаша и украсете со парче ѓумбир.
Наводи
Надворешни врски
Меѓународна асоцијација на шанкери
Категорија:Коктели