Хамди Демир, роден Хамди Таир Демир (; Скопје, 25 мај 1917 — Скопје, 15 февруари 1976) — македонски партизан и политичар, претставник на турското малцинство во Социјалистичка Република Македонија. Деец во Комунистичката партија на Македонија и Комунистичката партија на Југославија. Еден од членовите во Уставотворното собрание на Македонија Животопис Роден е во 25 мај 1917 година во Скопје, потекнува од старотурско семејство. Покрај крајот на ноември 1939 година влегува во СКОЈ, каде што служел како претставник на турскиот и албанскиот етнос во партијата. Од средината на јануари 1941 е секретар на група во склоп на СКОЈ. Од јуни 1941 тој се приклучува во Комунистичката партија на Југославија. Член е на Жупанскиот комитет на КПJ. Влегува во Првиот скопски партизански одред. На 13 октомври 1941 година е уапсен и на 24 ноември 1941 е осуден на смрт преку обесување од бугарски воен суд. На 29 август 1944 избегнува од затворот и се приклучува во Третата македонска ударна бригада. Подоцна заминува за Светиниколскиот реон, каде што формира Народоослободителен комитет, комитет на народната младост и на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија.
На 22 декември 1944 година основал заедно со други партизани Комитет на народоослободителниот фронт на текстилните работници во Скопје и седум денови подоцна е избран за член на комитетот. Меѓу периодот 1945-1952 е член на Градскиот комитет на КПМ за Скопје, како и претседател на Сојузот на борците од Четвртиот реон на градот Скопје. На првите слободни избори бил избран за одборник и секретар на Четвртиот народен одбор во Скопје и народен пратеник на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија во 1946 година. Подоцна бил и пратеник во Народното собрание на НРМ, член на Претседателството на Републичкиот одбор на СЗБНОВМ и член на Советот на Републиката. Носител е на Партизанска споменица 1941.
Наводи
Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Починати во Скопје Категорија:Родени во 1917 година Категорија:Починати во 1978 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Македонски Турци Категорија:Членови на уставотворното собрание на Народна Република Македонија