мини|Поглед на вилата

Вила „Лепа“ — историски значаен објект сместен во стариот дел на Охрид во месноста викана Имарет, блиску Плаошкиот манастир.

Изградена е во 1934 година од адвокатот Демостен Манев. Вилата своето име го добила по името на неговата сопруга. Проектирана е од архитектот Газикаловиќ.

Вила Лепа е распространета на плац од 13.000 m2 со дворно место кое располагало со бројна овошна и цветна вегетација засадена од самиот Демостен Манев.

Тука семејството Маневи живеело сѐ до 1947-ма година кога вилата е одземена од државата, а Демостен Манев живеел во сутеренот. Првичната идеја била да се изгради амфитеатар на местото од вилата, но тоа никогаш не се случило. Второто решение за оттуѓување е во 1954-та година кога Манев водел спор, но подоцна е целосно истеран од својата куќа. Така Манев со семејството, блиску неговата адвокатска канцеларија, приспособил шупа каде што ги поминал своите последни години од животот до 1969-та година кога починал. Потоа вилата била резиденција на Лазар Колишевски до 1965-та. Три години била земена и на користење од охридската служба за урбанизација. А, подоцна вилата е користена како резиденција на Дебарско-кичевската епархија во која живееле тројца митрополити: Методиј, Ангелариј и Тимотеј.

Вилата со законот за денационализација е вратена на наследниците на Демостен Манев, но без правна разврска.

Категорија:Куќи во Охрид