Брана „Стрежево“ — висока земјено-насипна брана со средишно глинено јадро и потпорно тело од чакал, возводно и низводно на реката Шемница.

Со изградбата на браната се образува акумулационен простор, со корисна зафатнина што овозможува: обезбедување на потребните количини на вода за наводнување на дел од Пелагонија (проектно предвидени 20.200 хектари нето обработлива површина), делумно надополнување до потребните количина на непреработена вода за потребите на ЈП “Водовод” – Битола, обезбедување на дел од потребите од сирова вода за дел од индустријата, заштита од поплавување на дел од Пелагонија

Местоположба

Браната се наоѓа на 24 км од вливот на Шемница во Црна Река и на 1,5 км низводно од селото Стрежево кое останало без жители по потопувањето на неговиот атар од Стрежевското Езеро.

Технички одлики на браната Браната ги има следните технички одлики: Кота на круната ........................................................ 741,00 м н.в. Кота на нормален водостој ...................................... 735,50 м н.в. Кота на максимален водостој .................................. 739,00 м н.в. Кота на минимален водостој .................................... 694,00 м н.в. Висина на браната ..................................................... 76 м Ширина на круната на браната ..................................... 10 м Должина на круната на браната .................................... 632 м Нагиб на возводната косина .......................................... 1:2 и 1:4,4 Нагиб на низводната косина .......................................... 1:2 Волумен на браната ....................................................... 4,219 • 106 м3 Волумен на акумулацијата на 735,50 м н.в. ................... 119,23 • 106 м3 Корисен волумен ........................................................... 108,87 • 106 3 Плоштина на водното огледало на 735,50 м н.в. ........... 432,86 Должина на водното огледало на 735,50 м н.в. ............. 6.25 км

Поврзано Стрежевско Езеро ХС „Стрежево“ Стрежево

Наводи

Категорија:Брани во Македонија Категорија:ХС „Стрежево“