Стари Лозја (, Палија Амбелија или Οικισμός ΔΕΗ, Икисмос ДЕИ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои само 1 жител (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сариѓол, околу 6 км југоисточно од градот Кајлари, на кој всушност претставува предградие, на надморска височина од 630 м.
Историја Селото е основано во текот на 1950-тите, додека за првпат е евидентирано во 1961 г. кога е заведено со 123 жители. Основано е во атарот на селото Дорутово од жителите на околните села со цел да живеат поблизу до градот Кајлари. Името на селото потекнува според месноста во која некогаш се наоѓале старите лозја на жителите од Дорутово, кои за време Првата светска војна настрадале од филоксера.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Кајлари со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Еордеја, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дорутово, во кој влегува и истоименото село.
Наводи
Категорија:Еордеја