Никола Мушанов, роден Никола Стојков Мушанов (Дрјаново, 12 април 1872 — Софија, 10 мај 1951) — истакнат адвокат и политичар од Бугарија. Еден од главните водачи на Демократската партија на Бугарија во првата половина на XX век. Тој бил премиер на Бугарија со три мандати помеѓу 1931 и 1934 година. Тој служел како пратеник во 12-от, 14-от, 16-от, 17-от, 18-от, 19-от, 21-от, 22-от, 23-от, 24-от и 25-от состав на бугарското собрание.
Животопис Никола Стојков Мушанов е роден на 12 април 1872 г. во градот Дрјаново. Неговите родители биле Стојчо Колев Мушанов и Јона Станева.В автобиографията си Никола Мушанов посочва, че е роден на Сирни Заговезни 1871 или 1872 г., но е възприел кръщелната си дата 2 април 1872 г. за рождена. Мушанов, Никола. Дневник. Спомени. Автобиография. Съставителство и бележки: Нина Киселкова със сътрудничеството на Сузана Хазан. София, „Изток-Запад“, 2017. ISBN 978-619-01-0117-8. с. 514
Никола Мушанов завршил за право во градот Екс ан Прованс, Франција, во 1893 година. Следните години, Мушанов се вработува како судија и обвинител во Стара Загора и Варна (1893 – 1896) и адвокат во Русе (1897 – 1908). Се вклучува во Демократската партија и е министер за образование и наука (1908 – 1910) и министер за внатрешни работи (1910 – 1911) во првата и втората влада на Александар Малинов.
Покрај крајот на Првата светска војна, меѓу 21 јуни 1918 и 7 мај 1919 година, е министер на обштествените згради, патиштата и благоустројството, министер за железниците, пошта и телеграфите и министер за внатрешни работи и народното здравје во владите на Александар Малинов и Теодор Теодоров. Заедно со многу други водачи на опозицијата спрема владата на Бугарскиот земјоделски народен сојуз, тој е испратен во затвори во 1922 г. После ослободувањето тој се приклучува во крилото на Демократската партија коешто не се вклучува во Демократскиот договор.
Во 1931 г. влегува во владата како дел од Народниот блок како министер на внатрешни работи и народното здравје, како на 12 октомври истата година предводил владата и ја исполнувал таа должност се до државниот удар во 10 мај, 1934 г. Мушанов бил против приклучувањето на Царството Бугарија во Силите на оската. Според бугарската историографија Мушанов учествувал во кампањата за спасувањето на бугарските евреи.
Мушанов учествува во владата на премиерот Константин Муравиев, коешто прави последен обид да избегне навлегувањето на црвената армија на Советскиот Сојуз во Царството Бугарија, за коешто е осуден од т.нар. „Народен суд“ за 1 година во затвор. Помилуван и ослободен за време на изборите во есента 1945 година, тој повторно се приклучува во Демократската партија. Во 1947 г. е интерниран во Трново, а во 1949 г. – во село Заград.
Во почетокот на мај 1951 г. повторно е уапсен и интерниран за врски со забранетите опозициони партии и последователи на Трајчо Костов. Умира на 21 мај во кабинетот на еден од лекарите во главната зграда на Државна сигурност, како официјалната дијагноза било наведено „руптура на срцето“.
Никола Мушанов бил женет со Рајна Мушанова.
Спомени Во негова чест, еден булевар во Софија го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Премиери на Бугарија Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Луѓе од Дрјаново Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Починати во 1934 година Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Бугарски правници Категорија:Министри за надворешни работи на Бугарија Категорија:Министри за внатрешни работи на Бугарија Категорија:Бугарски политичари