десно|мини|263x263px| Салар де Атакама со вулканот Ликанкабур во позадина. лево|мини|296x296px| Нерамен пејзаж на Атакама. Салар де Атакама е најголемата солена површина во Чиле. Се наоѓа на 55 км. јужно од Сан Педро де Атакама Опкружен е со планини и нема излез за одводнување. На исток е опкружен со главниот синџир на Андите, додека на запад се наоѓа секундарниот планински венец Кордиљера де Домеико. Во пејзажот доминираат импозантни вулкани како што се Ликанкабур, Акамарачи, Агуас Калиентес и Ласкар, кој е еден од најактивните вулкани во Чиле. Овие вулкани се наоѓаат долж источната страна на Салар де Атакама, прострирајќи се од север кон југ што го дели ова солено мочуриште од помалите ендореични басени.

Во последните децении, Салар де Атакама стана важен центар за екстракција на литиум, бидејќи литиумот се наоѓа во солените води на рамнина.

Народот Ликан Антај се домородни жители на Салар де Атакама и околните области.

Карактеристики Пределот опфаќа површина од 3000 км2, во должина е околу 100км, а широк е околу 80 км, што го прави ова солено блато трето по големина во светот, по Салар де Ујуни во Боливија (10582 км2). и Салинас Грандес во Аргентина (6000 км2). Неговата просечна надморска височина е околу 2.300 m. Топографијата на централниот дел на соленото мочуриште покажува високо ниво на рапавост, што е резултат на испарувањето и краткотрајните површински води, за разлика од повеќето други солени мочуришта, како што е Салар де Ујуни, кој периодично е покриен со плитка вода.

Некои области на солената рамнина се дел од националниот резерват Лос Фламенкос. Лагуна Кејар е понорно езеро во Салар де Атакама, 18 километри од Сан Педро, Чиле. Концентрација на сол се движи од 5 до 28% (50 до 280 делови на илјада), создавајќи на повисоките места пловечки ефект како во Мртво Море . (Called Laguna Cejas in this document.)

Галерија

Наводи

Категорија:Географија на Чиле Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Солени езера