Игор Кралевски (роден на 10 ноември 1978 година) — македонски поранешен фудбалер кој играл како одбранбен играч.
Клупска кариера Својата професионална кариера ја започнал кон крајот на 90-тите години во екипата на Цементарница, од каде во 2001 година се преселил во Македонија Ѓорче Петров. По една сезона со лавовите, тој стигнал во Работнички, каде што се утврдил како играч станувајќи шампион на Македонија во последната од трите сезони и добивајќи повик во репрезентацијата.
Во летото 2005 година, Кралевски за првпат ја напуштил татковината и замнинал во странство, каде потпишал за хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Во Хајдук успеал брзо да се наметне и солидно го одиграл првиот дел од сезоната 2005-2006, привлекувајќи интерес од неколку странски клубови како германскиот Бохум и рускиот Торпедо Москва. И покрај тоа, тој останал во Сплит, каде уследиле неколку послаби настапи кој кулминирале со црвениот картон кој го заработил на натпреварот против Риека на Пољуд во кој Хајдук со играч помалку бил поразен со убедливи 0-4. Од тој момент, започнал да паѓа во хиерархијата на клубот, а новиот тренер Зоран Вулиќ го пречкртал од својте планови за следната сезона.
Во јануари 2007 година, Кралевски потпишал за рускиот клуб Луч-Енергија, каде до крајот на сезоната одиграл 20 натпревари без постигнат гол во руското првенство. Во 2009 година, се вратил во Македонија Ѓорче Петров, а по една сезона таму отишол во Металург Скопје со кој во првата сезона го освоил Купот на Македонија. Кариерата ја завршил како играч на Тетекс во 2014 година.
Репрезентативна кариера Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија, Кралевски го имал во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2006 на гостувањето против Ерменија во јуни 2005 година. Вкупно за македонската репрезнетација има одиграно вкупно 3 натпревари, без постигнат гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Клупски Работнички Прва фудбалска лига на Македонија : 1 2004-2005
Металург Куп на Македонија : 1 2010-2011
Наводи
Надворешни врски
Игор Кралевски на soccerway Игор Кралевски на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Металург (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Луч Енергија Владивосток Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалери на ФК Цементарница Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Родени во 1978 година