Морган Кол Волен (англ. Morgan Cole Wallen; роден на 13 мај 1993 година) ― американски кантри-пејач.

Живот и кариера Морган Кол Волен бил роден на 13 мај 1993 година во Снидвил, Тенеси. Татко му бил свештеник, а мајка му учителка. За време на неговите тинејџерски години, семејството се преселило во округот Нокс, каде што завршил средно училиште.

Како дете, Волен земал часови по пијано и виолина. Подоцна научил да свири и на гитара, но во средно училиште негова страст била играњето бејзбол; Волен бил доволно добар и добил понуди за стипендија за бејзбол но во последната година од средното образование го скинал улнарниот колатерален лигамент и морал да се откаже од спортот. Потоа се насочил на неговата музичка кариера и особено кантри музиката.

2014 ― 2015: Почетоци на музичката кариера Во 2014 година, Волен се натпреварувал во 6-та сезона од музичкото натпреварување за таленти, The Voice. Волен прво бил приклучен кон тимот на Ашер, по второто коло бил земен од тимот на Адам Левин, а бил елиминиран за време на плејофот. Учеството во „Гласот“ бил клучен за популаризацијата на Волен и тој почнал да воспоставува врски во музичката индустрија.

Во 2015 година, Волен потпишал договор со Panacea Records и на 24 август 2015 година го издал мини-албумот Stand Alone (EP).

2015 ― 2019: Издавање на албумот If I Know Me мини| Волен настапува во 2021 година Во 2016 година, Волен потпишал договор со независната издавачка куќа Big Loud. Истата година го издал неговиот прв сингл „The Way I Talk“.

Првиот студиски албум на Волен, If I Know Me, бил издаден на 27 април 2018 година. заедно со неговиот трет сингл, „Whisky Glasses“, која досега е негова најуспешна песна. Песната била најдобра песна на Билбордовата „хот-кантри“ топ-листа за 2019 година. Неговиот следен сингл, „Chasin' You“, бил сервисиран на радио во јули 2019 година и се искачил на второ место на топ-листата Hot Country Songs; како и претходната песна, била прогласена за најдобро рангирана песна во вкупниот биланс на крајот од годината за 2020 година. Во август 2020 година, If I Know Me стигнала до прво место на топ-листата за кантри-албуми, по рекордни 114 недели од објавувањето.

2020 ― 2021: Dangerous: The Double Album Популарноста на Волен продолжила да расте со многу следбеници на TikTok, а тој несвесно станал секс-симбол. За време на пандемијата на КОВИД-19, Волен посветил време на пишување и снимање материјал, од што ќе произлезе неговиот втор албум, двојниот диск Dangerous: The Double Album (2021). Dangerous дебитирал на врвот на американската топ-листа за албуми Билборд 200 и на канадската топ-листа за албуми. Албумот во февруари 2021 година станал единствениот кантри-албум во 64-годишната историја на Билборд 200 кој првите седум недели по објавувањето се задржал на прво место. Албумот, исто така, станал само трет албум кој првите десет недели по објавувањето се задржал на прво место на Билборд 200 и прв албум со таков успех по 30 години; последен албум со таков успех бил Whitney од Витни Хјустон. Сингловите од албумот: „More Than My Hometown“, „7 Summers“, „Sand in My Boots“ и „Wasted on You“ станале хит-песни што срушиле уште неколку рекорди. Списанието Тајм ја прогласило песната „7 Summers“ за една од најдобрите песни за таа година. Волен набрзо станал прв изведувач со шест песни истовремено во топ-10 на топ-листата Hot Country Songs; исто така, 23 песни од албумот се пласирале на канадската Hot 100 и 19 песни на Hot 100 во САД.

На 2 февруари 2021 година, таблоидот TMZ објавил видео на кое се гледа дека Волен користи расна навреда кон еден од неговите пријатели. Волен набргу потоа дал изјава и се извинил. Неколку радио-станици привремено престанале да ја емитуваат музиката, а неговите песни биле отстранети од плејлистите на Apple Music, Pandora и Spotify. Неговата издавачка куќа Big Loud (и партнерот Republic Records) го суспендирале договорот за снимање со него на неодредено време. Академијата за кантри музика објавиле дека Волен и албумот Dangerous: The Double Album не се подобни за 56-те годишни награди на Академијата за кантри музика. На 10 февруари, Волен снимил видео со извинување во кое ги замолил неговите обожаватели да не го бранат.

Во април 2021 година, Волен донирал 300 000 долари на Коалицијата Black Music Action. Волен на 23 јули јавно зборувал за неговите коментари на Добро утро, Америко, каде што рекол дека „бил со негови пријатели и дека зборуваат глупави работи кога се заедно“ и рекол дека „погрешил“ кога ги изговорил тие зборови. Песните на Волен се вратиле на кантри-радијата во август кога бил објавен неговиот сингл „Sand in My Boots“. Тој бил номиниран за „Омилен кантри-изведувач“ и „Омилен кантри-албум“ на Американските музички награди во 2021 година, но не бил поканет да присуствува на церемонијата. мини| Волен настапува во 2022 година Иако имиџот на Волен била под удар, неговата популарност се зголемила. Истата недела откако избила контроверзноста, продажбата на албуми на Dangerous се зголемила. Албумот продолжил да урива рекорди на топ-листите: бил албум со најдобар пласман во 2021 година, а во 2022 година албумот го соборил рекордот за најмногу недели поминати во топ-10 на Билборд 200 од соло-музичар. Dangerous ја добил наградата за албум на годината од страна на Академијата за кантри музика; Волен, исто така, ги освоил наградите Омилен машки изведувач и Омилен албум на инаугуративните Country Now Awards.

2022 ― денес: One Thing at a Time Неговата концертна турнеја The Dangerous Tour била целосно распродадена. Во 2023 година, Волен ја започнал неговата светска турнеја One Night at a Time. На 3 март 2023 година го издал неговиот трет студиски албум One Thing at a Time. Албумот бил на врвот на Билборд 200 19 непоследователни недели, а 36-те песни од албумот се пласирале на Billboard Hot 100. Со ова Волен го соборил рекордот за најмногу песни од еден изведувач на топ-листата во исто време. Синглот „Last Night“ се искачил на врвот на Hot100 во 2023 година и станал прв сингл на Волен со таков успех, а подоцна го поставил рекордот за најмногу недели поминати на прво место за песна без соработка (шеснаесет недели).

На 26 јануари 2024 година, Panacea Records објавила луксузно издание по повод десетгодишната кариера на Волен под наслов Stand Alone, кое содржело осум претходно необјавени песни.

На 10 мај 2024 година, Волен го објавил синглот под наслов „I Had Some Help“ во соработка со Пост Мелоун; песната дебитирала на врвот на Билборд Хот 100. На 18 октомври 2024 година, Волен го објавил вториот сингл од неговиот претстоен четврти студиски албум, „Love Somebody“. Волен бил номиниран за седум награди на 58-те годишни награди од Здружението за кантри- музика, а единствено ја освоил престижната награда „Забавувач на годината“. На 31 декември 2024 година, Волен објавил сингл под наслов „Smile“.

Дискографија

If I Know Me (2018) Dangerous: The Double Album (2021) One Thing at a Time (2023) I'm the Problem (2025)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски кантри рок пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи од Тенеси Категорија:Американски гитаристи Категорија:Кантри-поп музичари Категорија:Американски кантавтори Категорија:Американски пијанисти Категорија:Американски кантри кантавтори