М-р Билјана Димовска - музичар, пијанистка, педагог од Битола родена во .1978 година. Животопис М-р Билјана Димовска завршила Државно Музичко училиште – Битола.
Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор м-р Тодор Светиев.Златна лира 2024: Концерт на ПИЈАНО ДУО: Татјана Божиновска и Билјана Димовска Музичка дејност Настапува на солистички и на многубројни симфониски и камерни концерти. Настапувала како солист со Македонска филхармонија Настапувала како солист со Симфонискиот оркестар при Факултет за музичка уметност Настапувала како камерен музичар со саксофонистот Боби Коминовски во 2005 година, заедно снимиле и ЦД. Билјана Димовска Дел е од дуо пијано - Билјана Димовска –Татјана Божиновска, кое делува повеќе години. Како пијано дуо, Божиновска и Димовска делуваат од 2009 година, изведувајќи репертоар што се движи од барок до современа музика. Дуото има одржано бројни рецитали низ Македонија и на меѓународни фестивали, а во 2021 година освои I награда на Интернационалниот натпревар „Соправиста “ во Италија. Нивната концертна активност вклучува настапи на престижни фестивали. Во 2013 година го снимаат и своето прво ЦД.Концерт на дуо пијано Билјана Димовска – Татјана Божиновска Настапувала на повеќе значајни манифестации во нашата земја: “Денови на македонската музика”, “Скопско лето”, “Битолско културно лето” „Хераклејски вечери “, “Прилепско лето”, “Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник “, “Златна лира” и „Интерфест “ Битола. Музиката раскажа приказни со Татјана Божиновска и Билјана Димовска Нејзиното пијано музицирање, како солист е со најппозитивно апсолвирано влијание од нејзиниот професор, истакнатиот македонски пијанист Тодор Светиев: со чиста тонска градација, точна и хармонска „полифоничност“, лирско ненаметлива, емотивно истакната. Во состав на камерно или оркестрирано музицирање се истакнува со изнивелирано, прецизно тонскорисуство со кое инспиративно ја комплетира цевкупната музичка структура. Педагошката дејност Педагошката дејност ја започнува од 2000 год. во Државното Музичко училиште – Битола, а нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди. Учествувала на повеќе семинари и мастеркласи кај еминентни светски пијанисти. ментори проф. д-р Татјана Божиновска, проф.м-р Билјана Димовска Награди Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди. Добитник е на I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах” и Специјалната награда „ Стефан Трајанов” на истиот натпревар.
Наводи
Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски пијанисти Категорија:Македонски педагози Категорија: Македонска музика Категорија: Македонски класични музичари