мини|Аранжман на вековни јајца во Шангкиу, Кина мини|Вековни јајца направени во Шангкиу, Кина
Вековни јајца (кинески: 皮蛋; пинјин: pídàn; Џутпинг: pei4 daan2), познати и како алкализирани или конзервирани јајца, претставуваат кинеско кулинарско јадење кое се подготвува со конзервирање на јајца од патка, кокошка или препелица во мешавина од глина, пепел, сол, брза вар (калциум оксид) и лушпи од ориз во период од неколку недели до неколку месеци, во зависност од применетиот метод на обработка.
Во текот на процесот, жолчката добива темно зеленикавo-сива боја, со кремаста конзистенција и силен вкус поради присутните водород сулфид и амонијак, додека белката станува темно кафеава, со проѕирен изглед налик на желе и со солен вкус. Агенсот за трансформација во вековното јајце е алкална сол, која постепено ја зголемува pH вредноста на јајцето на околу 9-12, за време на процесот на стврднување. Овој хемиски процес ги разградува некои од сложените протеини и масти без вкус, при што се добиваат различни помали ароматични соединенија.
Некои јајца имаат шарки на површината на белката, кои се споредуваат со борови гранки. Овие шарени јајца се сметаат за поквалитетни од вообичаените вековни јајца и се нарекуваат јајца Сонгхуа ( кинески :), или различно преведени како јајца од борови цветови или јајца со шара како бор.
Галерија
Наводи
Цитати
Извори
Taiwan Livestock Research Institute and Philippine Council for Agriculture (2001) Enhancing the Value of Eggs: How to Make Balut and Century Eggs. Retrieved 24 March 2007.
Надворешни врски
century egg at the Wikibooks Cookbook subproject
Категорија:Тајландска кујна Категорија:Филипинска кујна Категорија:Кинеска кујна Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Статии со текст на корејски