мини|Чимичури сос Чимичури ( ) е неварен сос кој се користи како состојка во готвењето и како зачин за јадење на месо од скара. Пронајден прво во Аргентина, тој се користи во аргентинската, уругвајската, парагвајската и бразилската кујна, а стана и широко прифатен во поголемиот дел од Латинска Америка. Сосот може да биде зелен (chimichurri verde) и црвен (chimichurri rojo). Се прави од ситно сечкани листови на магдонос, црвени чили пиперки, сецкано (толчено) лукче, маслиново масло, оригано и оцет или сок од лимон. Сличен е на мароканскиот сос хермула.
Етимологија Името е можеби варијанта на шпанскиот збор chirriburri 'hubbub', можеби и од баскискиот zurrumurru 'шум, гласина'. Друга теорија го поврзува со баскискиот збор tximitxurri „оџак“, „мешавина од неколку работи без посебен редослед“; многу Баскијци се населиле во Аргентина во 19 век.
Подготовка Чимичури обично се прави од ситно сецкани рамни листови магдонос, а другите зачини што се користат може да варираат. Може да има црвен вински оцет, лук, сол, црн пипер, оригано, буковец и сончогледово или маслиново масло и плус шолја топла вода. Во некои рецепти додаваат лук или кромид и сок од лимон. Чимичурито може да се додаде во месото додека се вари, или да се премачка на зготвената површина на месото. Чимичурито често се служи како додаток на asados (месо на скара). Може да се служи со шницли на скара или со печени колбаси, но и со живина или риба.
Други употреби Во Доминиканската Република чимичури или чими е хамбургер гарниран со сечкана зелка и голф салса. Helen Grave, 101 Sandwiches,
Во кујната на градот Леон, Мексико, чимичури е прелив за пица со мајонез, сенф, чиле де арбол, бел оцет, лук, масло и сол. Овој прелив има портокалова нијанса и е многу популарен во градот.
Наводи
Категорија:Сосови Категорија:Аргентинска кујна