Автопортрет — слика од Коста Шкодреану. Сликата е пастел на картон, со димензии 54 х 40 см, насликана во 1902 година. Во сопственост е на Националната галерија на Македонија во Скопје.
Опис Шкодреану автопортретот го насликал во десен полупрофил со малку подигната глава. Облечен е во градска облека: темносин костум, бела кошула со подигнати јаки и темна вратоврска. Гордата поставеност на неговото тело и замислениот, романтичен поглед, укажуваат на тоа дека се работи за чувствителна, но истовремено интелигентна, исполнета и остварена личност. Во заднината видлива е силна бела светлина која во вид на ореол е поставена околу главата. Наводи
Категорија:Слики од Коста Шкодреану Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1902 година Категорија:Слики во Националната галерија на Македонија