Христо Нечев (р. Битола) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.
Животопис лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Христо Нечев е роден во градот Битола, тогаш дел од Отоманското Царство. За основно образование тој учи во неговиот роден град. Покрај 1880-тите се преселува во градот Солун со цел да се образува во Солунската машка гимназија. Во 1886 година завршува со неговото образование како дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. Според спомените на македонистот Петар Драганов при неговата посета во Солунската гимназија, Христо Нечев и Даме Груев биле најистакнатите битолчани во гимназијата. После неговата матура тој се вклучува во Македонската револуционерна организација. Учествува во организирањето на битолскиот оддел на организацијата заедно со Даме Груев. Не се знае кога починал или загинал.
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на МРО Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија