Словенечко-шпанските односи ги претставуваат билатерални односи меѓу Словенија и Шпанија. Словенија има амбасада во Мадрид и 3 конзулати и тоа во Барселона,Сан Себастијан и Севиља. Шпанија има само Амбасада во Љубљана. Шпанското претставништво во Словенија се остварува преку Амбасадата, која има поддршка од два агрегатори: одбрана и внатрешни работи; 2 одделенија: туризам и економија и трговија, сите со присутност и во околните земји. Исто постои и Економска и трговска канцеларија на Антена во Љубљана, а постои и така наречена Училница Сервантес под Институтот Сервантес од Виена. Односите на овие две земји главно се дефинирани со нивното членство и во Европската Унија и во НАТО. мини|230x230пкс| Шпанскиот премиер Педро Санчез се сретна со словенечкиот премиер Роберт Голоб во Љубљана, 17-ти февруари 2023 година Двете земји споделуваат интереси и цели во нивната мултилатералистичка вокација и во медитеранските прашања во однос на проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан и Турција.
Од состанокот во Мадрид на државниот секретар за ЕУ, Иниго Мендез де Виго,со неговиот словенечки колега, Игор Сенчар,кој се одржа во осмиот месец од 2012 год., билатералните консултации се институционализирани полугодишно на ниво на ДГ.
Во 2014 год. шпанскиот извоз во Словенија изнесувал 550 мил. евра (податоци прегледани во декември 2015 год.). Словенија е 54-ти трговски партнер на Шпанија.
Во периодот јануари-октомври 2015 год, шпанскиот извоз во Словенија ја достигнал вредноста од 394 милиони евра, што претставува пад од 4проценти во однос на истиот период од претходната 2014 год.
Соработката во автомобислскиот сектор, кој е водечкиот сектор на шпанскиот извоз во Словенија, достигнува 131 милион евра, третина од вкупниот број и останува на слична вредност во однос на претходната година.
Соработка Во ноември 2015 година, Шпанија испратила различен хуманитарен материјал во Словенија за да ги смести големиот број бегалци кои пристигнуваат на нејзина територија.
Во јануари 2023 година, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес отпатувал во Словенија за да се сретне со неговата словенечка колешка Тања Фајон. За време на оваа посета, министерот Албареш бил примен од претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, а се сретнал со премиерот Роберт Голоб и со претседателката на Националното собрание Урска Клакочар Жупанчиќ.
Поврзано
Надворешни односи на Словенија Надворешни односи на Шпанија
Наводи Категорија:Билатерални односи на Шпанија Категорија:Билатерални односи на Словенија