мини|270x270пкс| Влезот во капелата Свети Гал со статуи на Дезидериј од Виена и Свети Морис Капелата Свети Гал е капела во рамките на опатскиот комплекс Свети Гал.
Била обновена во 1666/67 година, во приземјето на резиденцијата на кнезот-игуменот. Осветена била во 1671 година во врска со епископската капела што се наоѓала над неа.
Нејзиниот ентериер има речиси квадратна форма. Ѕидовите и таванот се декорирани со 26 слики од житието на свети Гал, кои се припишуваат на Јохан Себастијан Херше. Покрај влезот стојат две статуи поголеми од природна големина, со претстави на Свети Морис и Дезидериј Виенски.
На истото место, во 971 година, игуменот Пурчарт фон Удалрихинген изградил капела. Тој во 975 бил погребан до влезот на капелата година од страна на епископот Конрад од Констанца.
Капелата Свети Гал, заедно со катедралата Сент Гал, служи како крстилница на парохијата на катедралата Сент Гал.
Наводи
Категорија:Капели во Швајцарија